КОМИЧНО: Барселона може да биде казнета со само 300 евра!

Во исто време, можна е и алтернативна казна – одржување на еден натпревар како домаќин без публика, бидејќи висината на паричната казната е премногу мала.

Барселона може да биде казнета со само 300 евра заради водење преговори со Антоан Гризман, кога тој имаше важечки договор со Атлетико Мадрид.

За потсетување, Гризман се пресели во Барселона пред почетокот на оваа сезона за 120 милиони евра, но Каталонците започнаа преговори со него уште на крајот на минатата сезона.

Францускиот интернационалец сезонава во шпанската „Ла Лига“ има досега два голови реализирани против екипата на Бетис.

Во првите четири кола Барса одигра „топло-ладно“ и моментно е на петтата позиција со седум бодови, три помалку зад лидерот Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот