КОМИЧАРКАТА БРУТАЛНА: Еден ден по породување изгледате како мене, не како Меган

арчи харисон
Фото Профимедиа

Комичарката Ејми Шумер се породи во ист ден како и Меган Маркл, но таа пред сè, не излезе веднаш со соопштение за јавноста по тој повод.

Некои би рекле дека раѓањето на Арчи ја фрли во сенка Ејми Шумер, како и бебето на Ким и Канје, но комичарката одлучила целокупното искуство да го прикаже во реалното светло.

Наспроти тоа, Ејми ги објавува фотографиите од своето родителство онака како што реално изгледа, без шминка и без блажени насмевки.

На една од фотографиите таа седи на болничка ВЦ-школка, без грам шминка и растурена коса, приклучена на систем за инфузија.

View this post on Instagram

Milf alert 1 o’clock

A post shared by @ amyschumer on

Таа, за разлика од другите популарни мајки, се труди да им покаже на своите обожаватели дека мајчинството и бременоста не се гламурозни. Додека беше бремена воопшто не се трудеше да скрие дека се соочува со мачнини.

Јавноста ја сака поради тоа што не ги разубавува нештата, туку ги прикажува реално како што се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот