Комичар почина од коронавирус: На 70 години требаше да трча со олимпискиот факел!

Фото: Инстаграм

Шимура, кој привлече многу обожаватели од различни генерации, почина вчера во болницата во Токио каде и се лекуваше, објави неговата официјална агенција.

Популарниот јапонски телевизиски комичар Кен Шимура е првата позната личност во Јапонија која почина како последица на коронавирусот.

Шимура, кој привлече многу обожаватели од различни генерации, почина вчера во болницата во Токио каде и се лекуваше, објави неговата официјална агенција.

Славниот комичар почина на 70 години, а веднаш по објавувањето на веста, неговите поддржувачи се собраа пред болницата за да му оддадат почит.

Шимура е хоспитализиран на 20 март поради воспаление на белите дробови, грозница и проблеми со дишењето, поради што беше ставен на респиратор.

Комичарот беше и дел од рок бендот „Drifters“, а славата ја стекна во комедијата со оваа група под наслов „Осум часот е, собери ги сите“.

Шимура се подготвуваше за нов филм, а беше и одреден да трча со олимпискиот факел во јули, пред Олимписките игри да се одложат.

Веста за смртта на Шимура доаѓа во време кога во Токио се потврдени нови случаи на заразени од коронавирус, а градските власти предупредуваат на брзо ширење на епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот