Комерсант: Вештачка интелигенција ќе предвидува масовни немири во Русија

Русија/Фото: МИА

Специјален софтвер ќе ги предупредува руските федерални и регионални власти за претстојни масовни немири и ќе помогне да се спречи ескалација. Меѓутоа, експертите имаат различни мислења за перспективите на проектот, пишува рускиот весник Комерсант.

– Државната корпорација Ростех до 2022 година ќе развие програми за анализа на митинзи и немири во рамки на проектот „Безбеден град”, на кој работи Министерството за вонредни состојби. Системот ќе го користат извршните власти во Русија, изјави неименуван извор за Комерсант.

Софтверот ќе предвидува масовни немири и нивниот развој на краток рок врз основа на алгоритми. Методологијата е испратена „на одобрување до соодветните ресори”, потврдија од Министерството. Документацијата содржи дефиниции за „митинг”, „политички конфликт”, „протестен потенцијал”, „верски конфликт”, „антиполициски настани” и други.

Со цел да се спречат неовластени протести, вештачката интелигенција ќе ги пресметува веројатностите преку континуирана „мултифакторна мултиваријатна анализа” на публикации во медиумите и социјалните мрежи, податоци од системи за видео надзор и следење на јавниот транспорт. Доколку веќе се почнати немирите, за да се избегне ескалација, ќе се анализира бројот на учесници на собирот, однесувањето на поттикнувачите, насоката во која се движи толпата.

Во различни региони на Русија веќе има други дигитални платформи, што собираат податоци со цел да се „следи незадоволството на жителите”, објави весникот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот