Комерцијална банка однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 120 милиони денари

Имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозната опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, Комерцијална банка АД Скопје однапред  изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година. Со тоа е веднаш исплатен вкупен износ од 120.000.000 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи.

Со ваквата одлука, Комерцијална банка АД Скопје настојува да придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, а со тоа и да го зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството.

Комерцијална банка со сите свои сервиси останува во служба на клиентите со цел сите финансиски потреби да бидат безбедно и ефикасно опслужени. Апелираме да се почитуваат сите мерки и инструкции од надлежните органи во насока на што побрзо и поефикасно справување со овие предизвици.

 

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот