Комерцијална банка објави замрзнување на кредитите

Најголемата банка во Македонија, Комерцијална банка, се обрати до своите клиенти во врска со отплатата на рати во време на здравствената криза. Таа објави дека ги замрзнува кредитите на сите граѓани во рок од 6 месеци, освен ако тие не сакаат да продолжат со отплатата.

Оттаму велат дека Комерцијална банка овозможува 6 месеци грејс период за корисниците на кредити, кредитни картички и за дозволено пречекорување, а услов е тие досега да не доцнеле во отплатите на ратите повече од 90 дена.

„Комерцијална банка одобрува грејс период од 6 месеци за кредитните производи на физички лица, пролонгирање на крајниот рок на отплата на кредитите за 6 месеци, како и автоматско продолжување на рокот за користење на дозволеното пречекорување до 30.09.2020 година (без намалување на одобрениот износ и без оглед дали на сметката стасува редовен месечен прилив)“, соопштија од Банката.

Оттаму објаснија дека оваа понуда автоматски ќе се имплементира, без потреба од контакт со Банката.  До Банката треба да се обратат електронски или писмено исклучиво граѓаните кои ја одбиваат понудата, најдоцна до 09.04.2020 година до 16.00 часот.

Другите банки најавија дека ќе излезат со понудата за поповолни услови за фирмите и за граѓаните – грејс период, плачање на повече рати, или помали камати. Според првичните најави, сите банки не се изјаснија дека понудата ќе важи за сите клиенти, односно имаше најави дека таа ќе важи само за оние што  се погодени со здравствената криза.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот