Коментар на американскиот министер за руската вакцина: Важна е ефективноста, а не да се биде прв

Министерот додаде дека две од шест разработени вакцини во САД се наоѓаат во финален стадиум на тестирање

Министерот за здравство и социјала на САД, Алекс Азар, ја искоментира информацијата за тоа дека Русија официјално регистрирала прва вакцина против коронавирус во светот.

За регистрацијата на вакцината и за тоа дека таа е подготвена за употреба денеска соопшти рускиот претседател Владимир Путин.

-Главното не е во тоа да се биде прв во добивање на вакцина. Главно е да се има вакцина која е ефективна и безбедна за американскиот народ и за сите луѓе во светот, изјави министерот денеска во емисијата „Добро утро Америка” на Еј-би-си.

Според него, Русија одобрила вакцина пред завршувањето на финалната, трета фаза клинички испитувања, а сепак досега не објавила никакви научни податоци од првите две фази.

Министерот додаде дека две од шест разработени вакцини во САД се наоѓаат во финален стадиум на тестирање, пред да бидат конечно одобрени за употреба од Управата за храна и лекови (ФДА) на САД.

-Сметаме дека се наоѓаме на вистинскиот пат за добивање на десетици милиони вакцини одобрени преку златниот стандард на ФДА до декември, и стотици милиони дози со почетокот на новата година, појасни тој.

Истакна дека тоа најмногу зависи од брзината на спроведување на клиничките тестови и вакцинацијата на луѓето, кои потоа се изложуваат на вирусот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот