Kомедијата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…” во Велешкиот театар

фото: Фејсбук

На Големата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот”, Велес, вечер со почеток во 20 часот ќе гостува независниот театар „Провокација” со хит комедијата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…” во режија на Ѓорѓи Ризевски, со актерите Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Дарко Вељиќ.

Како што појаснуваат од велешки театар, станува збор за реално комично шоу кое веќе трета сезона се изведува на сцената на Театар Комедија и досега има над 50 изведби во повеќе градови во Македонија.

Џота и Кети се ликовите кои се пријавени да учествуваат во реално шоу и двајцата се со поодминати години за мажење/женење, и двајцата со различни животни стории кои оставиле болни траги врз нивните животи. Тука е и келнерот, кој е водител на шоуто и кој комуницира со публиката. На секоја изведба публиката, по пат на гласање ги избира сцените кои сака да ги погледне, и со тоа, самата таа избира накаде ќе се развива претставата. Секој избор завршува со конфликтна ситуација која нуди нови три избори, по што публиката повторно гласа. Ова е принципот по кој се гради претстава и заради кој секоја  изведба е непредвидлива и за публиката и за актерите и е поразлична од претходната.

Костимите за претставата се на Елена Лука, а сценографијата на Роберт Ристов, кој токму за улогата на Џота ја доби наградата од меѓународното жири на НЕТА за најдобра машка улога на фестивал „Ристо Шишков” во Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот