Командант Симоновски во Скопски агол: Несовесните граѓани и покрај апелите не ги чистат своите оџаци

Оваа година имаме зголемен број на запалени автомобили и возила. Се случуваат пожари и од неисчистени оџаци, во Скопски агол говори командант на противпожарната единица, Владимир Симоновски.

-Последниве две години ја водиме статистиката и во тој дел. Градот дури и субвенционираше чистење на оџаци. Имаме намален тренд во тој дел на пожари, но сепак и покрај апелите кои што се даваат има несовесни граѓани кои не ги чистат оџаците. На телефонот 193 и на официјалната ФБ страна која ја има пожарна Скопје имаме повици и интервенираме и за спасување на домашни животинчиња, изјави за Скопски агол во „Утрински брифинг“, командант на противпожарната единица, Владимир Симоновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот