Командир преку смс повикувал полицајки на тајни состаноци

Раководно лице со пораки повикувало полицајки на тајни состаноци, забава во пижами, а биле и сексуално вознемирувани со закани дека ќе го изгубат работното место. Случајот вчера го обелодени и Независниот полициски синдикат, а од таму велат дека ќе одат до крај и нема да остават жените вработени во МВР да трпат сексуални притисоци, пишува порталот МКД.мк.

Редакцијата на МКД.мк дојде до неколку пораки кои им биле испраќани на полицијките. Во нив раководното лице кое е пријавено во МВР им праќа покана за на „Пижама парти” односно забава кај него дома, а во дел од нив тој ги прашува дали ги привлекува за дружба или не.

Фото: МКД.мк

Освен овие пораки, како што дознаваме во доказите кои постојат против овој вработен во МВР има и пораки со закани дека мораат да дојдат на тајни состаноци, инаку тоа негативно ќе им влијае на местото и работата.

Шест полицајки веќе поднеле пријава дека повеќе од една година биле сексуално вознемирувани со закани дека ќе го изгубат работното место од раководно лице во полициска станица во Скопје.
Од МВР велат дека веќе ги испитуваат сите наводи од пријавата.

-За случајот известени се Одделението за Крвни и сексуални деликти при СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои веќе преземаат мерки и активности за негово расчистување и строго санкционирање. Веднаш по расчистувањето ќе ја известиме јавноста. МВР има строга политика околу Сексуално вознемирување, и го осудува како апсолутно неприфатливо и недозволиво- велат од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот