17.8 C
Скопје

Командантот на меѓународните сили во Авганистан соопшти дека почна процесот на повлекување

Американскиот генерал и командант на меѓународните сили во Авганистан Остин Скот Милер изјави дека почна процесот на повлекување од земјата и предавање на воените бази и опрема на локалните воени сили.

Тој додаде дека дејствува по наредба заснована на одлуката на претседателот на САД Џозеф Бајден да стави крај на најдолгата војна во која е вклучена Америка.

– Разговарав со членовите на талибанската политичка комисија и им укажав дека враќањето на насилството ќе биде трагично и за Авганистан и за граѓаните на земјата, рече тој во главниот град на Авганистан.

Милер, кој командува со американските трупи и мисијата на НАТО чија цел е поддршка на Авганистан во борбата против талибанците и другите исламистички групи, прецизираше дека меѓународните сили ќе продолжат да имаат воени средства и можности за да се заштитат за време на повлекувањето и да ги поддржат авганистанските безбедносни сили.

Официјалното повлекување, како што претходно најави американскиот претседател, треба да почне на 1 мај, во согласност со договорот постигнат со талибанците во 2020 година.

– За време на повлекувањето воените ќе им ги предадеме на авганистанското Министерство за одбрана и на другите сили, рече Милер, додавајќи дека талибанците се обврзале дека ќе ги прекинат врските со Ал Каеда.

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар