Командантот на копнените сили на ИДФ генерал Јадаи поднесе оставка од лични причини

Командантот на копнените сили на израелската армија (ИДФ), генерал-мајор Тамир Јадаи поднесе оставка од лични причини, соопшти денеска израелската армија.

Началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-полковник Херзи Халеви и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ја прифатија оставката на Јадаи, истакнувајќи оти истата ќе во сила во наредните недели откако ќе се најде неговиот наследник.

–  Јадаи сега ќе се пензионира, но подоцна ќе аплицира за важни позиции во израелската армија, се наведува во соопштението на ИДФ.

Генерал Јадаи беше на чело на копнените сили на израелската армија во изминатите три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот