8 C
Скопје

Командант на муџахединска единица во Босна осуден на 10 години затвор за масакр врз српски цивили и војници

Судот во БиХ го прогласи за виновен за воени злосторства пензионираниот генерал на Армијата на БиХ Сакиб Махмуљин и го осуди на 10 години затвор.

Махмуљдин со неправослина одлука е проглассен за виновен по командна одговорност зошто во текот на војната бил командант на Третиот корупус на Армијата на БиХ, во чиј состав била и групата „Ел Муџахедин“, составена од доброволци од исламските земји кои извршиле воени злосторства над воени заробеници и цивили од српска националност.

Обвинението против Махмуљудин главно се однесува на ликвидација на српски цивили и заробени војници од војската на босанските Срби кои исламистичките борци ги убиле на подрачјето на Завидовиќ и на планината Озрен во текот на завршните воени операции во 1995 година.

Прочитајте и...  Незадоволствата во ДУИ се лични, не програмски

Според наводите од обвинението исламистичките борци од јули до септември 1995 години убиле најмалку 55 воени заробеници.

Судскиот совет ги прифати тврдењата од обвинението дека Махмуљудин знаел дека се извршени злосторства, но како командант не направил ништо за да ги казни сторителите.

Сега е осуден за кривично дело воено злосторство против воени заробеници, воено злосторство против ранети и болни и воено злосторство против цивилно население.

Одбраната во текот на судењето утврдила дека Махмуљудин ефективно не ја контролирал групата „Ел Муџахедин“ зошто таа имала своја затворена структура и командна линија по верска основа.

Обвинението против Махмуљудин е покренато уште во 2015 година, а судењето траело цели четири години.

Поврзани вести

Маричиќ потврди дека Русковска е обвинителот со кој се сретнал во петокот

Слободен печат

Амбасадорот Коснет ја потврди поддршката на САД за ЕУ ​​во дијалогот Белград-Приштина

Слободен печат

САД на Јапонија и ги предаде таткото и синот кои му помогнаа на поранешниот претседател на „Нисан”, Карлос Госн да побегне во Либан

Слободен печат

Најмалку пет лица повредени во протестите во Багдад

Слободен печат

Вакцините на АстраЗенека и Фајзер го намалуваат ризикот од хоспитализација за 80 отсто

Слободен печат

Даниловски: До лето или до есен во земјава ќе се стекне колективен имунитет

Слободен печат

Остави Коментар