Војната за името „Македонија“

Војната за името „Македонија“

1144
SHARE
Фото Профимедиа

Повеќе стотици илјади манифестанти дефилираа по улиците на Атина, за да протестираат против ангажирањето во преговорите на првиот грчки министер Алексис Ципрас, со неговиот колега од Република Македонија (ПЈРМ), Зоран Заев, за проблемот на употребата на името „Македонија“. Двајцата лидери, млади, прагматични, сакаат да стават крај на оваа „војна за името“ која го труе, еве веќе 25 години, добрососедството и еконмоската размена помеѓу овие
две земји.

Разговараните компромиси се симболични, но многу значајни во контекстот на прашањето: А. Ципрас би прифатил едно решение на сложено име како „Северна Македонија“, а за замена , З. Заев ќе се ангажира да ги смени имињата на аеродромот и на главниот автопат во земјата кои досега го носеа името на Александар Велики.

За западните набљудувачи, овој конфликт зачудува, па и може да се каже занемува, сфатен како еден спор речиси егзотичен од овој дел на Источна Европа.

Од каде потекнува?

„Војната за името“ датира од југословенската дезинтеграција. На 8 Септември 1991 година, Република Македонија е прогласена за независна. Усвојувањето на уставното
име „Македонија“ од страна на новата Држава, како и државните симболи на Сонцето од Вергина, предизвикаа остри реакции во Грција. Усвојувањето на имињата и симболите од Македонија мобилизира повеќе од еден милион Грци по улиците на Солун за да протестираат против „киднапигот“ на името „Македонија“ сфатен како национално грчко наследство. За Грција, само нејзината северна провинција го
заслужува називот „Македонија“.

Со цел да се смири напнатоста помеѓу Грција – членка на Европската Заедница и на НАТО, и поранешната југословенска република Македонија, во екот на конфликтите од поранешна
Југославија, беа водени повеќе циклуси на грчко-македонски разговори. Овие разговори родија еден привремен компромис околу официјалното име на оваа земја, без да се постигне
дефинитивно решение.

Така во 1993 година, Македонија беше признаена од Организацијата на Обединетите Нации под името ПЈРМ (FYROM на англиски). Оваа меѓународно признавање беше проследено
преку откажување од употребата на Сонцето од Вергина како симбол на Државата.

Од тогаш наваму, двете земји одржуваат наизглед смирени односи, но прашањето за името станува како мечот на Демоклес. Уште жарот не стивнал, сопственоста за името се разгорува со подемот на идентитетот на Грците и на македонските националисти. Овие последните, на власт од 2006 до 2016 година, ја зголемија античката димензија на Македонија, како вектор на национален идентитет, на штета на припадноста и на словенското наследство. На тој начин ги намножија провокациите спрема Грција, трансформирајќи го главниот град Скопје во скап антички циркус, подигнувајќи импозантна статуа на Александар Велики во срцето на градот.

Симболите на Балканот и оние поврзани со македонското прашање, засенува влог на тривијално прашање: тоа на територии. Тоа е втор важен факт за подвлекување. Во моментот на признавањето од страна на ООН, Македонија мораше да избрише два уставни артикли кои и даваа право на грижа на славо-македонското малцинство во Грција. Тоа беше главната причина на политичката мобилизација на Грците кои стравуваа, на одреден рок, од иредентистички барања на северот на земјата. Така, спротивставувајќи се на името, таа
сакаше да стави крај на секоја македонска националистичка склоност на подолг рок и да ја отвори пандорината кутија за прашањето на малцинствата во Грција (особено Чамите,
албанско малцинство). Патем да забележиме дека актуелната територија на Македонија во минатото била јаболко на раздорот меѓу различни држави на Југоисточна Европа, вклучувајќи ја Бугарија и Србија.

За да ги разбереме манифестациите на улиците на Атина за името „Македонија”, да истакнeме еден трет елемент, кој е повеќе конјуктурен. Всушност, барањата на Грција во последните неколку дена повеќе личеа на политички инструмент на опозициските политички партии во
Грција, барајќи од овој патриотски подскок, да се дискредитира Алексис Ципрас, кој стана, по реформите и политиките структурни прилагодувања, сосема непопуларен. Станува збор за крајно емоционално политичко маневрирање со користење на националните симболи, за да ги искажат противречностите и општата социо-економската слабост која преовладува во Грција во врска со економската и актуелната финансиска криза.

Од македонска страна, компромисот, исто така, е под огнот на критиките на националистите. Двајцата лидери, грчки и македонски, имаат намера да се придвижат напред за да го решат спорот заедно на одржлив начин. Тоа е време за нормализирање на односите меѓу двете земји, како и оние во регионот, да иницира нова економска и политичка динамика во овој дел на Европа кој заостанува.

На крајот на железната завеса, историчарот Ерик Хобсбаум верувал во еден момент, дека национализмот го премина својот зенит и големата белина на вратот на бувот, кој носи
мудрост, е подготвен да го прелета национализмот и нацијата. Катастрофалните етно-националистички конфликти кои избувнаа веднаш по распаѓањето на поранешна Југославија,
беа предвесници на спротивни ветрови на влезот на пост-националната ера. Сепак, новиот политички пораст што се појавува во повеќето балкански земји, сака да се движи напред и да излезе од шовинистичкиот концепт на нацијата.

Башким Исени

(авторот е универзитетски професор кој живее и работи во Швајцарија, преводот е на Стојанов Ванчо)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY