Ташаклии за ЕУ и НАТО, јајари за бојкот…

Еј, кои величествени изрази јеботе, „јајара“ и „мудоња“, а? Кое савршенство друже. У случајов пред референдумов, мораш да знаеш да разликуеш јајари од ташаклии, ти текнуе? На ташаклија и мудоња можеш да се потпреш у живот, на јајара, цк. Значи, Ташаклии се за ЕУ и НАТО, јајари за бојкот...

554
Види друже, како и луѓето овде, и посочениве термини кои као слики се одвајаат од сите други видови животни на планетава, и само кај нас се уклапаат у природно општествен тек, кој, за жал на едни или за среќа на други, више не можат да се обновуат, е факт кој треба да се елаборира. Затоа овде имаме ситуација кај што стварност, уствари, увек се смета за делимична, за некомплетна, и се пласира на општествен пазар меѓу мкд пучанството ко готов производ, такозвани „Муда за бубрези“, што као поим е апсолутно непознат за Западна јавност, и пред да влеземе у ЕУ и НАТО ова треба да се објасни…
Специјализација на алтернативниве термини на тестисиве овде, не се истакнуе со потенцирање на природна потентност, него, мора да се потенцира дека се употребуе као метафора за карактерна особина, и кај мужите и кај жените, со која им се дефинира „мушкост“. Овој спектакл као конкретна инверзија на главниот поим, аутентично се уклопуе и у сеоукупно цивилизациско движење на овие простори. Затоа, кога се објаснуе „мушкост“ со тие термини, мора да се има на знање дека не се мисли на величина на тестиси, него на цврстина, на јачина на карактер, со кој у една дипломатска проекција на хиерархиско подредуење се утемелуат ко аутономно движење…
Експлицитно му се дава третман и значење на зборот, демек, речено сторено, на заштита на образ, на чување достоинство. И у контемплативна размена и поимање на овие термини, значење не им се менуе, па оние со „топки“ меѓу ноги важат за карактерни луѓе…
Затоа треба да се внимава со употреба на овие термини, затоа што кај нас ситуација е сасвим другачија од остали регии. На Балкан, уствари, као непресушен извор и место на изопачени вредности и погледи со кои се труе западна цивилизација, постојат спектакуларни и веома конкретни објаснувања, за кои на нив им треба време за да ги разберат, ме разбираш? На пример, Турците, тестисите, тоес јајцата, ги отсликуат у терминот „ташаци“, а зборот „таш“ у буквален превод значи камен, и асоцира на нешто цврсто као камен, што имплицира дека „ташаклија“ значи исто така карактерна особина која доликуе само на посебна категорија луѓе…
Оваја нерасправљива и недоступна позитивност за западни цивилизации, овде ги дефинира само тие луѓе. Ако тргнеш на север и завземеш нов агол, еден сасвим друг проспекциски визур, добијаш уште еден сликовит начин кој ги објаснуе терминиве. Србите или некои од тоа хрватскосрпско, пардон, српскохрватско говорно подручје, тестисите ги нарекуат „јаја“, а често пути знаат да речат и „муда“, па од тука потекнуат уште два спектакуларни изрази кои одушевуат со своја импозантност, раскош и бистрина на значење. Зборовите со кои се карактеризират карактерни особини, како например, „јајара“ или „мудоња“. Еј, кои величествени изрази јеботе, „јајара“ и „мудоња“, а? Кое савршенство друже. У случајов пред референдумов, мораш да знаеш да разликуеш јајари од ташаклии, ти текнуе? На ташаклија и мудоња можеш да се потпреш у живот, на јајара, цк. Значи, Ташаклии се за ЕУ и НАТО, јајари за бојкот… Тенкју… 🙂