Пу, пу, не важи!

Пу, пу, не важи!

389
SHARE

Па нека му мисли Шилегов. И добро нека обмисли. Не се носат одлуки што ќе важат само три-четири месеци и тоа преку зима. Инвазијата на Водно допрва почнува.

Анета Стојковска

 

Се чини дека наскоро ќе биде – пу, пу, не важи – за забраната за движење со автомобили на Водно во деновите на викенд. Одлуката на скопскиот градоначалник, која со многу помпа и најави беше воведена кон крајот на ноември минатата година како мерка за спречување на гужвите на Средно Водно, но и како мерка за намалување на загадувањето, веројатно наскоро ќе биде укината. Особено по изјавата на Шилегов дека „сега-засега мерката останува на сила“ затоа што уште не се созреани условите за да се соопшти нешто друго.
Тоа другото, што градоначалникот не сака да го каже предвреме, го кажаа сопствениците на локалите од Средно Водно, кои повеќепати се пожалија дека никој не им влегува во кафеана откако е забраната на сила. Тврдат дека од кабинетот на Шилегов им порачале дека забраната ќе се укине и ќе се воведе плаќање на постојните паркиралишта на планината. Демек така ќе се спречела масовната посетеност на Водно. Зошто да се спречи, кога тоа е едно од најблиските прибежишта на граѓаните од загадениот воздух, особено од скопските жештини ? Можеби идејата е да е да капне некој денар плус во градската каса.
Дали забраната за движење со автомобили е избрзана или созреана одлука? Дел од граѓаните велат избрзана, затоа што на Водно повеќе не можат да стигнат мајки со новороденчиња и инвалидизирани лица. Тешко е тоа со автобусите на ЈСП. Од друга страна, хаосот што се случуваше со паркирањето на Водно во сончевите викенди не смее да се повтори.
Па нека му мисли Шилегов. И добро нека обмисли. Не се носат одлуки што ќе важат само три-четири месеци и тоа преку зима. Инвазијата на Водно допрва почнува. Времето за кажување се приближува. Созреваат условите.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY