Промени – минатото доаѓа!

Промени – минатото доаѓа!

312
SHARE

Колку промените ќе стануваат сè посимболични, толку конкуренцијата за (иден) симбол за нерационално трошење на народните пари ќе станува сè пожестока.

Пишува Злате Лозановски

Владата решила сепак да го продаде, легендарниот „мерцедес“ од 600.000 евра, што го купи премиерот на претходната, со образложение дека криминалната зделка (случај „Тенк“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство) е, според зборовите на владиниот портпарол, „симбол на нерационално трошење на парите на граѓани од едно време што сакаме да го оставиме зад нас“.

Не само „она на М“, како што купувачот Никола Груевски го нарекуваше возилото во прислушуваните разговори, туку речиси сè што направи тој со помош на неговите најблиски соработници во владата-партијата (подоцна познати како припадници на злосторничко здружение) со парите на граѓаните слободно може да се земе како симбол за нерационално трошење – триумфалната капија, споменици, врби, огради, фасади, галии… Со нив сега се занимава судот, да се надеваме не само симболично.

Поголем проблем – со кој треба да се позанимава актуелната Влада – се симптомите што сугерираат дека времето што сакаме да го оставиме зад нас, допрва доаѓа!

Распределбата на парите за проекти од национален интерес во културата, според реакциите во јавноста, веќе е сериозен конкурент за нов симбол за нерационално трошење на народните пари. Од проста причина што е минорна, незабележлива – ако воопшто постои – разликата помеѓу критериумите, концептите и културните цели од времето што сака(в)ме да го оставиме зад нас и тие на времето што доаѓа.

За жал, не е само поделбата на културниот колач. Колку промените стануваат сè посимболични, толку конкуренцијата за (иден) симбол за нерационално трошење на народните пари ќе станува сè пожестока – од ден во ден, од тендер до тендер, од кадровско до некадарно решение, од грешка до исправка во законите…

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY