Признанието на Османи

Дали пратеницита Муковски, Арнаудовски и Василевски се (на)силници?  Тие се и  треба да одговарат како и оние што кршеа глави зашто и апстрактното (газење по закон) насилство е исто толку насилство, колку и она врз конкретни, физички лица.

923
Атанас Вангелов

Има ли некоја барем елементарна логика во очекувано искреното („ќе бидам искреан“) признание на потпретседателот на македонската влада кое се обидува да „образложи“ дека Законот за амнестија на престапниците од „крвавиот четврток“ требало да ги спаси од апс „оние категории кои не били организатори и не били вршители на насилството?“ Нема! А, зашто нема? Затоа што не може ни да има!

А зошто не може да има? Еве, само неколку од огромниот број добри причини кои непобитно потврдуваат дека е неможно да се направи некој каков – таков закон со минимум логика.

Најпрвин, збор-два за генералното разликување на Бујар „организатори“, на една и „вршители“ на друга страна. Според тоа разликување и едните и другите не подлежат на амнестија. Подлежат само оние што според логиката на потпретседателот на македонската влада не биле ни едното ни другото. А кои се тие?

Сега, знаеме дека спроведувањето на тој закон е во надлежност на Кривичниот совет и на обвинителката Русковска. Според тој закон „вршители на насилство“ не се пратениците Муковски, Василевски и Арнаудовски. Не се, затоа што тие не се послужле со тупаници, клоци, стојки од новинарски камери или други погодни помагала, туку само ги отвориле (по пртходен договор со оние кои го испланирале тоа и кои им доделиле таква улога!) собраниските врати за да можат задолжените за брутално физичко насилство да стапат во дејство и да го завршат својот дел од задачата. Ете, го сега првиот илогизам голем колку Шар планина и затоа не може да се скрие.

Тој несреќен закон признава конкретно насилство врз живи физички лица како Зијадин Села и Зоран Заев, на пример, но затоа пак не признава апстрактно насилство како грубо кршење на закон кој важи подеденакво за сите. Што е, во конкретниот случај, грубо кршење на закон? Такво грубо кршење на закон е влез во највисокиот орган на државата (законодавниот дом) по своја волја, а не по однапред добиена дозвола на надлежните служби на тој орган. Тоа не значи друго освен дека секој што неовластено влегува во највисокиот орган на државата го прави тоа со сила и според тоа, тој е (на)силник.

Дали пратеницита Муковски, Арнаудовски и Василевски се (на)силници?  Тие се и  треба да одговарат како и оние што кршеа глави зашто и апстрактното (газење по закон) насилство е исто толку насилство, колку и она врз конкретни, физички лица.

Тој колку набрзина толку и несреќно склепан закон чиј татко, мајка, бабица и мајстор е императивната потреба да се дојде, по секоја цена, двотретинско парламентарно мнозинство, за да добие зелено светло договорот со Грција во кој се вложи не само Заев, туку САД и ЕУ со сиот свој авторитет ја става под голем знак прашање и главната дистинкција на Бујар Османи на „организатори“ и „вршители“ кои немало да бидат амнестирани.

Како? Така што, на пример, некои „вршители“ во даден момент играат улога на „организатори“ за други „вршители“ кои не ќе можат да ја одиграат својата доделена од други улога, доброволно прифатена улога на солидни главокршачи. Кои се тие? Тие се пратениците Муковски, Василевски и Арнаудовски. Како?

За секого е јасно дека без апстрактното насилство (отворање врати) на тие тројца пратенеци не ќе можеше да влезе разјарената толпа во парламентот за да го изврши своето конкретно, физичко насилство кое требало, според главните архитекти (организатори!) на тој крвав четрврток да заврши со неколку убиства, по што би била прогласена вонредна состојба. Од таа гледна точка улогата на тројцата е клучна и незаменлива. Без таа клучна улога е неможна и онаа на насилниците врз конкретни, физички лица. Значи, односот меѓу улогите на оние кои вршат апстрактно (кршат само закон)! и оние кои вршат насилство врз физички лица (крашат глави и закон!) е хронолошки кој тендира кон тоа да се пртвори во логигички. Како што и се претвора.

Ама, бидејќи една беља не иде сама, бидејќи една води со себе уште десет други, сосем разбирливо е што потпртседателот на владата брзо ќе заборави една проста вистина која, како учен и угледен човек никако не би смеел да ја заборави. А која е таа проста и строга вистина? До колку не би ја заборавил, потпретседателот Османи не би се осмелил толку лесно да отвора уста на тема одбрана на закон кој не може да се брани?

Таа проста и строга вистина е дека сите вршители на некои дејства, било клучни (од хронолошка гледна точка која станува логичка) како оние на тројцата амнестирани пратеници, било споредни и помалку важни, како оние кои добиле задачи со тупаници, клоци, стојки на камкери и железни шипки да кршат чела, черепи, ребра и вратови се – подеднакво важни. Ако само една од тие улоги не биде добро одиграна, тогаш нема да биде постигната планираната цел да се прогласи вонредна состојба по што Груевски и неговата клика би ја задржале власта како услов да се спасат себе си од одговорност за систематскиот криминал во текот на една деценија.

Го знае ли тоа потпретседателот Османи? Секако, дека го знае! Тогаш, зошто греши душа и валка образ на честит човек? Затоа што, можеби, ни нема безгрешен човек на овој свет, а пак тој e само еден меѓу нив.