Пресметка кај медиумскиот корал

Македонија се имаше целата себе, од претседателот на државата и премиерот до сите министри, судови, полиции, војски, топови, тенкови, долги цевки, кратки цевки, цркви, попови, учителите и учителките, новинари и новинарки, професори и професорки, особено професорките, спремна да се убие со моторната пила на својата глупавост, неукост, претенциозна ништожност. И не успеа.

564
Фото Слободен печат

Сведочењата на Нинџа и другарите ги откриваат сите детали за атентатот на Македонија врз самата себе. Не само во врска со крвавиот пуч од 27 април, туку општиот обид државата да се ослободи од себе со помош на преголеми дози примитивизам и вмровизам, што се две страни на еден ист национален медал, проследени со насилства, убиства, пљачки, рекети, уцени, притисоци и, што е најважно, со демонтажа на институционалниот, културниот, историскиот и моралниот чудоред.

Без какви било задршки, ограничувања, скрупули!

Македонија се имаше целата себе, од претседателот на државата и премиерот до сите министри, судови, полиции, војски, топови, тенкови, долги цевки, кратки цевки, цркви, попови, учители и учителки, новинари и новинарки, професори и професорки, особено професорките, будалите, спремна да се убие со моторната пила на својата глупавост, неукост, претенциозна ништожност.

И не успеа.

Никој никогаш немал и нема да има подобра шанса.

Застапеност на сите страни

Како некој лудак што си испукал куршум во слепоочницата, зрното одело како одело низ главата, излетало од другата страна, но не предизвикало смртоносни последици, ене го човекот оди, малку се тетерави, се занесува в лево, се витка од болки, но игра фудбал, седи по кафеани, пие, учествува во телевизиски дебати.

Жив је, јебо те бог!

Неверојатно!

Второ, и многу важно, сите што се посочени како помалку или повеќе одговорни за катастрофата, за неверојатното ниво на злото, можеби веќе
вечерва ќе ги видиме како парадираат по телевизиските емисии во кои наводно се открива вистината и се демонстрира правото на еднаква застапеност на сите страни. Сношти, да речеме, ја забележав мумијата на идиотот Јованча како се жали на собраниската тортура врз терористите.

Не, другари и колеги!

Независно од нивото на свесноста, вие ја користевте демократската платформа така што обезбедувавте пласман, репродукција и растеж на неверојатното зло што се вика ВМРО-ДПМНЕ, макар што имавте основа да знаете и да верувате дека се работи за чиста терористичка, антимакедонска, античовечка и антицивилизациска инсталација. Заедно со тие што прифаќаа да бидат партнери во тие квазидебати. Во таа смисла одговорност имаат и СДСМ и граѓанскиот сектор. Само јас ве имам предупредено стопати!

Нема камера за нив

Јас мислам дека веќе вечерва треба да се одржат состаноци на уредничките колегиуми, на новинарите и сопствениците на медиумите, на ЗНМ, на Агенцијата за електронски комуникации или радиодифузија, како веќе се вика, на кои ќе се преземе одговорноста за катастрофата, ќе паднат некои оставки, ќе има разрешувања, при што ќе се заземе став дека Пандов никогаш нема да види ниту една камера, дека Мицко нема да види ниту една камера, дека Николовски нема да види ништо, дека Илче нема да види ништо друго освен решетки, дека Мирка, Миленко Јанко, Станко и другите се симнуваат од јавната сцена и им се одзема правото да учествуваат во формирањето на јавниот дискурс… дека Сузана нема да ја видиме и гола. Ванковска ниту во апла сексуален чин со македонскиот сон за слобода…

Демократијата не е механичко или електронско собирање секунди, демократијата е обврска, демократијата е култура да се бориш против насилството, против уривањето на државата, нацијата, општеството, правниот поредок и вредносниот систем, а не да го овозможуваш со помош на алибито дека сите страни треба да се чујат и да го кретенизираш комплетното население со неподносливи дози примитивна политичка експресија на чипираните идиоти, секоја божја секунда.

Каков е тој монтипајтонски фазон во кој партијата чие комплетно раководство е или во бегство или во притвор или пред притвор, сосе сегашниот лидер, протестира, блокира и го повикува народот да ги врати на власт!

Демек, да му биде фино, на народот, мислам, како во добар секс!

Во директен телевизиски пренос.