По(т)писот на Ахмети и на Груевски

По(т)писот на Ахмети и на Груевски

614
SHARE

Без точни податоци за бројот на населението, за неговиот антички состав, за имотната состојба, за приходите, за… секоја политика што може да се води е погубна.

Пишува Злате Лозановски

Македонија е статистичка грешка, која најверојатно ќе биде поправена – нема да се појави – кога ќе бидат објавени резултатите од првото наредно пребројување на вкупниот број држави на планетата. Фала Богу, тоа сега не изгледа толку страшно. Само поради договорот помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети навреме да го прекинат пописот што го почнаа во 2011 година. Погледнати од ваква перспектива, може да се каже дека двајцата лидери се несудени (сè уште) спасители на сите што од разни причини може да се најдат засегнати од евентуалните трауми што ги носи секоја загуба. Па, дури и ако е таа минорна, како што е во случајов со нашата држава.

Бидејќи сме една од ретките нормални, цивилизирани, држави, која нема спроведено попис еве веќе 18 години (последниот беше во 2002), денес веќе никој ништо точно не знае за Македонија. Особено не тие што (сè уште) живеат во неа. Специјалното јавно обвинителство, кое отвори предмет „Попис“, смета дека Груевски и Ахмети ја прекинале постапката „кога сфатиле дека пописот ќе им нанесе штета на тогаш владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со што е предизвикана штета од 175 милиони денари“.

Сигурно дека сакале да ги заштитат партиите и своите владејачки позиции, сигурно дека сакале и да стопат некој милион плус, ама никако не треба да се исклучи претпоставката дека сакале да ѝ наштетат на државата, пред сè. Со тоа што знаеле дека пописот е најважната операција – не само статистичка – во планирањето на иднината на секоја земја. Без точни податоци за бројот на населението, за неговиот антички состав, за имотната состојба, за приходите, за… единствената политика што може да се води е – погубната. Изгледа дека таа е сè уште на сила. Џевдет Хајредини, поранешниот министер за финансии, тврди дека сево ова што го прави Ахмети е за да се заштити самиот себеси и да го спаси Груевски. Не државата.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY