Кога соседите ти се пријатели

217

Грците не избркаа Руси за случајот Скрипал, ние избркавме, како и поради мешање во внатрешните работи. Сега Грците бркаат Руси затоа што се мешале во домашните работи кои ги тангираат односите, договорот и генерално, емоциите кон Македонија.

Се разбира, Грција си го следи својот интерес, но доброто е што и Македонија како држава е прашање од нејзин интерес. Гледате, како кога се спријателувате со соседите, градите врски, правите компромиси, станувате дел од еден поголем систем кој ве штити, или во најмала рака не ви штети.

Замислете како тоа би било со 30 земји или 28. Грција од земја која со децении не блокира пред НАТО и ЕУ, сега е земја која и покрај одличните односи со Москва, прави чекори кои се добри за нашите интеграции.