Клистирање на Македонија

Клистирање на Македонија

346
SHARE
Фото Слободен печат

Културниот инстинкт ја препознава оваа закономерност и затоа национот реши да го убие вмрото во себе. Не се ослободуваме од никакви надворешни агресии, туку се бориме против сопствената автоимуна болест. Нашиот македонизам во кој сме формирани, е болест.

Пишува Бранко Тричковски

Македонија може да се спротивставува на идеите за ерга омнес и за промена на Уставот, но не смее поради тие становишта да не влезе во НАТО пред почетокот на Третата светска војна. Тоа би било така несериозно и самоубиствено. Како чување на кадравите влакна на ампутираниот кур. Во тој случај, НАТО би влегол во Македонија, тие прашања би биле решени според потребите на геополитичкиот момент или просто би биле игнорирани како патетично ѓубре на една мртва нација. Што би било добро, затоа што Македонија би ја унапредила својата позиција како резултат на бесмислениот пораз. Како и секогаш.

Освен тоа имаме сè повеќе докази дека Третата светска војна веќе е во тек.

A тоа значи дека, всушност, нашиот избор е стеснет повеќе отколку што се проширени шансите на Хорхе да се вразуми. Можеби треба да им дозволиме на вмроните да поднесат уште една интерпелација, преку ред, зашто тоа е сигурен начин без избори да се формира двотретинско мнозинство кое ќе го усвои договорот со Грција, ќе го промени Уставот и ќе го прати лудиот претседател в затвор. Или во болница! Сеедно! Хахаха!

Не се заебавам. Престануваме да бараме достоинствено решение ако решението е достоинствено. Само по себе. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ми била посимпатична партија. А можеби самиот чин на усвојувањето на договорот за промена на името е добар инструмент за осипување на Злото. Две третини и шест осмини ќе бидат за промена. Ѕинго сигурно би бил за промена ако промената му гарантира дека тој ќе си остане ист. Богат, неподвижен, замрзнат, зелен мрсул на лицето на една дама. Или Камчев. Зошто тој не би ја поддржал промената на името ако му се гарантира дека и со новото име може да продолжи да ги ебе бубашвабите во Систина. И дека и на новото име ќе може да му го свирне штом ќе му помине менструацијата. На името.

Интерпелацијата покажа дека Македонија полека го исфрла смртоносниот вирус на вмро од својот организам. Како камен од бубрег. Како говно од дебелото црево. Ги разбирам напорите на Бејли и на Заев злото да го третираат како опозиција, така може да се третира и вреќа кромид ако од Зеленото пазарче ја префрлите во пленарната сала или под жртвениот вршник на лудаците на Даме Груев број тој и тој, но тоа чудовиште е отров. Новичок.

Гледам документарeц за НСДАП. Она што беше фашистичката НСДАП за Германија, тоа е денес ВМРО-ДПМНЕ за Македонија – злосторничка, фашистоидна секта на бараби и профитери, уништувач на парламентарната демократија, најпримитивен олош со идентична идеолошка матрица. Има една разлика помеѓу овие две разбојнички организации: НСДАП е монструозна машинерија која својата фашистоидна субверзија ја прошири надвор од својата територија, додека ВМРО-ДПМНЕ е провинциски арамија, остана внатре да го пљачка и силува својот народ. И германската НСДАП и македонската ВМРО-дпмне оставија зад себе уништена држава и историски СРАМ. Ранко Дакиќ, се разбира, претерува. Но, во некоја релативна смисла, сликата е таа.

Јас се залагав за бришење на злото, радикално, бескомпромисно. За денацификација, односно за девмровизација. Земајќи ја предвид, меѓу другото, оценката дека стравот од нивната дестабилизирачка моќ е повеќе, многу повеќе субјективен впечаток, отколку реална опасност. Но, како минува времето, сè повеќе сум склон да им дадам за право и на Бејли и на Заев, затоа што гледам дека и нивната тивка вода го рони брегот на злото, можеби малку побавничко и поделикатно, можеби премногу деликатно, но го рони и му ја ебава мајката, тоа веќе може да се види и на Дискавери ченел, па дури и на Топ тема кај Чомот шема.

Признавам дека нивната идеја за припитомување на злото, на обезопасување на ѕверот со анестезирачките стрелки на добрите намери и перспективи, тоа своевидно полициско изнудување на нормалност од ненормалниот, неговото вшмукување во системот на политичкиот процес, даваат резултати кои се над моите очекувања и јас ги поздравувам. Најголемиот резултат во македонската национална кауза ќе биде ослободувањето од ВМРО, без крв, освен онаа на Заев и на Села, хахаха, не од Турците или од Германците и Италијаните.

Македонизмот како болест

Демитологизираната структура, сведена на чиста политика, сè појасно се покажува како тотално инфантилна, бесперспективна категорија, што нема да посакаат да ја напуштат само најголемите будали. Ќорчев. Или онаа будала, како се вика Стефан, нема врска дали е Аџија или Анџија. Или гуската со шишките. Тоа е несопирлив процес. Нема веќе потреба од радикални чекори. Освен во разгромот на економско-финансиските капацитети на злосторничкото здружение како правно лице и како индивидуалитети и на неговите кадровски и нормативни инсталации поставени низ општеството како нагазни мини. Во таа смисла правосудните процеси против Груевски и неговата екипа мора да бидат следени со креативно толкување на законите и со енергична политичка акција. Сите ѕверови мора да отидат аут за дваесет и четири часа. Сè до буткањето на последната ронка вмронка од нашата маса.

Говорот на Заев беше одличен. Таа комбинација од категоричност во оценките за вмровското зло и добрата волја да го припитоми во својот концепт на „општеството за сите“, беше импресивна. Во таа расправа можеа да се забележат контурите на свеста дека Македонија мора да се обнови себеси против себе, не со помош на себе, туку против. Во секој поглед. Ако сакаме да преживееме, мораме да бидеме помалку Македонци, а не повеќе. Културниот инстинкт ја препознава оваа закономерност и затоа национот реши да го убие вмрото во себе. Не се ослободуваме од никакви надворешни агресии, туку се бориме против сопствената автоимуна болест. Нашиот македонизам во кој сме формирани, е болест.

Луѓето ја доживуваат Владата како градежна фирма што треба да ги решава комуналните проблеми на граѓаните. Дупки, тротоари, канделабри. Или како социјална установа што ги решава проблемите на нивните синови и ќерки. Или како томбола во која нивните ливчиња добиваат макар шише пиво. Тоа е племенска свест. Социјалните мрежи се преполни со тие дражесни амбиции и очекувања или заложби и идеи за тоа што сè треба да направи Владата за да може на луѓето им биде подобро без овие да мрднат со малиот прст.
Мислам, луѓето, не!

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY