Колумни

Јебо вас Тимјаник…

Пишува: Боки Бургија
Плусинфо

 

Воспитание, едукација, информираност, знаење, што беше тоа…?!?

Се згрозуваме од сопствениот народ, од неговата примитивност, од неговата неедуцираност, неинформираност, ни се гади од неговата неписменост и тврдоглава заслепеност. Можеш да му кажуваш сѐ што сакаш, јавно да ги нарекуваш глупаци и неписмени, па да ги навредуваш со овци и говеда, да ги заплискуваш со епитети како чипирани идиоти или заглавени јебиветри во лифт, тие не реагираат затоа што знаат дека се такви и дека само како такви некој ги прифаќа. Не креваат револуција, не знаат да се бранат од навредите.

Тие единствено што знаат е на најнизок можен начин да ти возвратат, каде најчести се заканите и пцовките, ама оние закани што се граничат со морбидност, псовки што се до таа мера сочни што те засркнуваат за да не повратиш. Тие ни се мотаат во сите можни институции од времето на плурализмот. Тие се присутни во централната и во локалната власт на многу значајни позиции. Тие се директори, раководители на сектори, тие се во полицијата на осетливи позиции, всушност, токму таквите, независна Македонија ги има од осамостојувањето до сега, секаде…

И не е битно која партија владее со државата, најбитно е што ние, самонаречените самосвесни, трезвени претставници на она „здраво“ ткиво во државата, се смеевме на „Врапчето“, на молчеливата глупавост на разноразни Алији Шакиќи, Авировиќки и други спијачи во пратеничките фотелји, и во континуитет продолжуваме да се смешкаме на изјавите и коментарите на Амди Бајрам, на Елвис и слични.

Ги ставаме на насловни страници, ги отвораме весниците во најпосетените кафулиња на блвд. мкд., и на глас се кикотиме на нивните глупости, на нивната неписменост, за на крај да ги прифатиме како такви и да ги признаеме како такви. Никој не се обиде да ги едуцира, соодветно информира, да ги воспитува и преку сопствените примери, а посебно со односот кон ваквите појави, да покаже зрелост во борбата со неписменоста, глупавоста, затапеноста, простотилакот и за секој од нив да обезбеди „домови“ за лица со посебни потреби.

Каде беше која било власт, да им го покаже сопчето за едукација и описменување, за цивилизирање и еманципирање на споменатите што сѐ уште ни се моткаат на многу значајни позиции, а се потпишуваат со крст или полумесечина? Државата ни е Тимјаник, бре, ало…

Јебо вас Тимјаник…

Александар Петровски

Придружете ни се Facebook