Федерика Брињоне го освои малиот Кристален глобус

Прв мал Кристален глобус во супер-џи за Федерика Брињоне /Фото: EPA Jean-Cristophe Bott

Французинката Романа Мирадоли е победничка на денешниот супервелеслалом, во рамките од Светскиот куп во Ленцерхајде, додека Италијанката Федерика Брињоне (31) го обезбеди малиот Кристален глобус во таа дисциплина.

Мирадоли славеше со резултат 1:19,87 минути, второто место го освои Американката Микаела Шифрин со 0,38 секунди заостанување, додека на третата позиција се најде Лара Гут Бехрами од Швајцарија, која беше за 0,88 секунди побавна од победничката.

По претпоследниот супервелеслалом во сезоната, Италијанката Брињоне го обезбеди малиот Кристален глобус, искористувајќи ја грешката на нејзината сонародничка Елена Куртони.

Ова е првиот мал Кристален глобус во супер-џи за Брињоне, победничката на Светското првенство во 2020 година.

Во генералниот пласман на Светскиот куп, Шифрин и натаму е прва со 1,106 бодови, 67 повеќе од Словачката Петра Влхова, која денешната трка ја заврши на 18 место, а трета е Италијанката Софија Гоџа со 851 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот