Како ќе се смени светот по пандемијата?

За „Слобен печат пишува“ м-р Радмила Павловска од Bar Code consutancy & Expertise.

Пандемијата го разниша нашиот вредносен систем. Светот, сега веќе е извесно, нема да биде истиот како пред 2020 година. Некои работи ќе се подобрат, некои ќе отидат на полошо. Но што е добро или лошо? Дефинирањето на нормалното кое го имавме до сега е само резултат на многу комплексни глобални односи и технолошкиот развој кој станува се побрз. Некои промени во нашите животи кои веќе се наѕираат.

– СУДИР НА РУТИНИТЕ И ПРАКТИКУВАЊЕТО НА АКТИВНОСТИ КОИ ГИ ЗАДОВОЛУВААТ ВИСТИНСКИТЕ ИНДИВИДУАЛНИ ПОТРЕБИ –

  • Затворени дома, сами со себе, луѓето почнаа да ја чувствуваат нелагодноста од начинот на живот кој до сега го водеа. Во првиот момент, како и при промена на секоја друга навика, нелагодноста произлегуваше од промената на дневните рутини кои, сите знаеме, нидаваат чувство на сигурност извесност, а со самото тоа и безбедност и сигурност. Но, со текот на времето, изменетите околности на живеење почнаа да откриваат колку мнногу сме живееле програмирано и шаблонизирано, наместо, онака како што налагале нашите природни потреби.  Седењето дома, за оние кои ја имаат способностаа за авто анализа, интроспекција и зрело размислување за себе си, може да ни открие што всушност е природно и нормално за функционирањето според нашите сопствени потреби. Генерален заклучок нема. За некого тоа е четири-часовна работна недела, за некого е олеснувањето од намалениот број социјални контакти, сигурноста која се чувствува кога во близина ги имаш најсаканите или семејството, готвењето, заштедата на време за да се отиде на состанок наместо за истото време да се одржат три он-лајн состаноци…
  • КОНЕЧНО ПОЧИТУВАЊЕ НА СТРУЧНОСТА И ЕКСПЕРТИЗАТА
    • – Ова време покажа дека долго време живеевме во еден несериозен период каде што разни инфлуенсерско- блогерски деца и дилетанти ни делеа памет како се прават разни работи во животот- од тоа како да го заработиш првиот милион, до тоа, кој витамин волшебно ќе го смени обликот на нашето тело. Конечно светот сфати дека за секоја сериозна работа, сериозното знаење и експертизата треба да се ценат. Сите доктори, експерти за кризен менаџмент, економисти кои бараат начини за излез од кризата конечно дојдоа до израз за време на пандемијата и ссветот повторно почна да ги слуша и да ги цени.
  • ЕМОТИВЕН ЛОКДОУН (ПОЛИЦИСКИ ЧАС)
    • – За жал, една од основните човечки потреби, близината и физичкиот контакт, уште долго време додека трае колективниот пост- трауматски стрес ќе бидат афектирани и компромитирани. Луѓето ќе ги редуцираат гушкањето, поздравувањето, симпатичните разговори со продавачките во пиљарите стоејќи веднаш до нив, дури и физичкиот контакт со партнерите ќе биде обременет со нелагодност бидејќи опасноста и ризикот од зараза ќе останат.
  • ПОСЛЕДИЦИ ЗА ОНИЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО ДЕМОКРАТСКТЕ И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ЗА СЛОБОДА
    • – Во изминатиот период демократските и човековите права достигнаа висок степен на развој. Оние кои го размислувале или искусиле обратното искуство во вистинска смисла- комунизам, стаљиниазм, орвеловско одземање на сопствениот идентитет и апокалиптичните филмови за контрола на општествата, точно знаат за што се работи. Новите мерки кои државите и новите технолгии ги наметнуваат за намалување на штетите од пандемијата се токму тоа. Следење на движењето, ограничувања на движењето, достап до лични податоци, контролирана економија, пореметување на пазарните услови. Ова се најцрните сценарија за тоа како едно општество не треба да изгледа.
  • РАЗЛИЧНО ПРАКТИКУВАЊЕ НА РЕЛИГИЈАТА
    • – Поради изменетите услови на прославување на неколку религиски праници во празни цркви, синагоги и џамии за време на пандемијата, дел од верниците конечно можеби ќе научат дека бог е еден и тој е во сите нив , а не во црквата или џамијата. Дел од свештенството нема да го сака овој развој на настаните поради ускратувањето на приходите кои ги имаат при масовното собирање по верските објекти, но дел од луѓето, барем ќе сфатат на кој начин може верата да се практикува во еден почист и поискрен облик.
  • МЕНУВАЊЕ НА ХИГИЕНСКИТЕ НАВИКИ
    • – Исто како после пандемијата на грип во 1918 година кога се востановиле навиките за неплукање по улица и покривање на устата при кашлање , и оваа пандемија ќе донесе неколку добри навики како што се почесто миење раце, дезинфицирање на површини, внимание да се заштити околината од страна на заразените и слично. Ова можеби не е толку важно во средини кои се цивилизирани, но дефинитивно ќе има позитивно влијание во земји како што е Индија или африканските земји каде што хигиената е главен проблем за здравјето на луѓето.
  • ЛИЧЕН РАЗВОЈ И ЛИЧНО УНАЗАДУВАЊЕ
    • – Како што вели поговорката дека топлата вода го омекнува компирот а го стврднува јајцето, така и во оваа ситуација ќе се покаже дека не се сите луѓе исти и некои луѓе ќе се покажат дека се компири, а некои јајца. Веројатно помал е бројот на оние кои имале потенцијал и  ќе успеат да го направат личниот скок од обичен во исполнет живот, полн со духовна и секаква друга благосостојба, а во поголем број  ќе се појават оние од кои оваа ситуација од себе ќе ги извлечат потиснуваните негативни емоции како што се гневот, стравот, фрустрациите и завидливоста бидејќи ќе немаат капацитет да се справат. Ова очекувано може да доведе поголемо насилство, немири и нереди во сите средини.
  • ПРОМЕНИ ВО СВЕТСКАТА И ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМИИ
    • – Освен глобалната рецесија која неминовно ќе го зафати целиот свет и ќе помине како и сите други рецесии претходно, со мерки и последици кои ќе ги сетираат главните економски сили, долгорочно ќе се случат и многу други промени во екомијата. Ќе изумрат или ќе се изменат индустриите како што се туризмот, угостителството, големите трговски ланци и и шопинг центри, индустријата со концертни и спортски настани, како и дел од услужните и занаетчискитее дејности. Од друга страна,ќе се развијат индустриите како што се онлајн продажбата, онлајн едукацијата, карго транспортот, фармацевтската индустрија и слично. Неминовно ќе се сменат и начинот на однесување на потрошувачите, маркетингот и целиот пристап  кон бизнисот. Во оваа сфера, ќе се потенцираат рационалноста и скромноста на потрошувачите на сметка на досегашниот ирационален конзумеризам, а маркетингот и начинот на водење на бизнисите ќе мора да се прилагодат на новите навики .
  • ПРОМЕНИ ВО ГЕО- ПОЛИТИЧКИОТ РАСПОРЕД НА ГЛОБАЛНИТЕ ГОЛЕМИ СИЛИ
    • – Со оглед на тоа  што економијата ги диктира односите на светските сили, така очекувано ќе се прераспоредат и односите во светската политика. Кина ќе зајакне во однос на Америка, Америка ќе зајакне во однос на Европа и така натака. Ќе се промени и улогата и влијанието на многу светски организации кои со децении беа неприкосновени насочувачи на светските текови, како што се Светската здравствена организазција, Обединетите нации, Светската Банка и слично.
  • ОСТАНАТИ ПРОМЕНИ
    • – Како последични  промени ќе се забележат и многу други помали промени како што се- односот кон постарите лица во општеството, , промени во многу фамилијарни заедници било тоа да е брак или однос со децата, промена на вратите со квака со лизгачки врати, пропаѓање на концептот на дискотеките итн.

ЗАКЛУЧОК? Промените се добри. Се зависи од тоа кој колку е подготвен за тоа и како ќе се снајде

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот