Колумбиската убавица ги воодушеви сите: Има 47 години, а и натаму одзема здив! (ФОТО)

Profimedia

Софија Вергара сега може да се пофали со уште едно достигнување. Оваа убавица сега е заштитно лице за нова кампања на италијанската модна куќа Долче и Габана.

Американско-колумбиската телевизиска ѕвезда со своите 47 години и натаму го одзема зидвот во фустани со леопард и цветен принт, додека се релаксира пред отмена вила на море во фотосесија на овој луксузен бренд.

Актерката е номинирана за Златен глобус за ликот на Глорија Делгадо-Причет, која ја играше во текот на сите 11 сезони од американската комедија „Модерно семејство“, неодамна се збогуваше од својата легендарна улога, откако последната епизода беше објавена кон почетокот на овој месец.

Серијата се емитуваше цела деценија на американската телевизија. Софија сепак наскоро ќе се врати и на телевизија и ќе биде една од членовите на жирито на американската емисија „Јас имам талент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот