Колумбија во офанзива против коридорите за шверц на дрога

Колумбија дрога/ Фото EPA-EFE/RICARDO MALDONADO ROZO

Колумбија планира да распореди 400 војници за борба против шверцерите на дрога кои дејствуваат преку нејзините граници со Перу, Бразил и Еквадор.

Седум единици со 400 војници и полицајци ќе бидат на првата линија на операциите за блокирање на коридорите за шверц на дрога од јужна Колумбија, изјави синоќа за новинарите министерот за внатрешни работи, Алфонсо Прада, по состанокот на Советот за безбедност.

Колумбискиот претседател, Густаво Педро, првиот левичарски лидер во земјата, свика средба со високи претставници на оружените сили по неодамнешните судири меѓу вооружените групи во кои беа убиени 18 лица, а раселени десетина семејства во југозападниот департман Путумахо што граничи со Еквадор и Перу.

Отцепена фракција на герилците на ФАРК – Фронт Каролина Рамирез, е во оружен судир со групата Конадос де ла Фронтера.

Фронтот Каролина Рамирез припаѓа на најголемата фракција што се повлече од мировниот договор што предвидуваше и разоружување на ФАРК во 2017 година.

Според колумбиските власти, двете групи се борат за превласт и контрола на рутите на дилерите на дрога во шумите меѓу Колумбија и Еквадор.

Влеговме во контакт со земјите со кои граничиме затоа што забележавме активност против која ќе се бориме со нашата армија, но и со меѓународна соработка, рече министерот за внатрешни работи.

Тој рече дека колумбиската Влада се обратила и до властите во Панама и во Венецуела, каде што дејствува моќниот колумбиски картел „Клан де Голфо” и колумбиските герилци на Националната ослободителна армија (ELN).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот