Колумбија доби вакцини против ковид-19 преку КОВАКС механизмот

Фото: EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Колумбиија е првата земја на американскиот континент која прими вакцини против ковид-19 во рамките на програмата КОВАКС поддржана од Обединети нации. Во главниот град на Колумбија, Богота пристигнаа 117.000 дози вакцини на „Фајзер“ и на БајонТек“.

Панамериканската здравствена организација соопшти дека очекува да биде зголемен пристапот до вакцините преку КОВАКС.

Колумбија е трета по големина држава во Јужна Америка, а со имунизација на населението почна во средината на февруари.

Колумбиската Влада соопшти дека годинава планира да вакцинира 35 милиони луѓе, вклучително и стотиците илјади венецуелски мигранти и бегалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот