Колозова: Во очи на отворање на преговорите, се плашам дека преголемата авторитароност со справување со кризата ќе фрли дамка на позитивниот апдејт (ВИДЕО)

Универзитетската професорка Катерина Колозова во телефонски разговор во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за проблемите со менаџирање на кризата со коронавирусот во земјава.

-На почетокот се почна добро. Првите три недели целиот приод кон справување со КОВИД-19 кризата ми изгледаше многу европски и многу систематичен. Мој впечаток беше дека народот соработуваше. Потоа настануваат феномените во менаџирањето со кризата и проблемите кои никнаа.

Јас не можам да објаснам која е причината. Според анализите се работи за одреден притисок, кој што ако ги гледате изјавите на министерот на почетокот се споривставени на оној притисок кон поголема авторитарност, инсистирајќи дека состојбата е под контрола, за после да се почне со мерки во стил на Вучиќ и Еди Рама, кои беа прогласени, особено Вучиќ за проблематичен на начинот на кој што беше проблематичен и Груевски во очите на Брисел – неговите мерки почнуваат да се имитираат, контрола и полициски час – наместо карантин, изјави Колозова.

Од мигот на прогласување вонредна состојба, изгледаше како Македонија во секој чекор да ја следи политиката во Србија: наместо карантин (сеедно дали делумен или на принцип 24/7) беше воведен воен полициски час според моделот на Србија (понекогаш со неможност да се напушти домот ни во тек на 61, па и 85 часови освен за прашања на живот и смрт), парламентот (иако поради затекната околност) не функционира, и со тоа, покрај Србија и Унгарија, се вбројуваме во единствените три земји во Европа кои функционираат без парламент во екот на пандемијата. Дополнително, Македонија и Србија се единствените кои прогласија вонредна состојба во регионот, а, покрај тоа, спроведоа и „радикални мерки“ на контрола на движењето, честопати на штета на вистинскиот ефект врз здравјето на луѓето и борбата против ширењето на вирусот.

Целиот раговор со професорката Катерина Колозова погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот