Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, но непречено. Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Гајре – на Попова Шапка и планискиот премин Стража е намалена до 50 метри.
Од ЈП „Македонија пат” потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои минуваат низ клисури и засеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.