Колоноскопскиот преглед го спасил Бајден од канцер

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

 Американскиот претседател Џо Бајден би се разболел од рак доколку не бил подложен на редовна колоноскопија.

Лекарите идентификуваа полип, отстранет од дебелото црево на Бајден за време на колоноскопијата, како тубуларен аденом, бенигна, но потенцијално преканцерозна форма, рече главниот лекар во Белата куќа, Кевин О’Конор.

Минатата недела Бајден беше подложен на лекарски преглед, по што лекарите заклучија дека неговата здравствена состојба му овозможува без ограничувања да ги извршува должностите шеф на државата и врховен командант.

„На претседателот Бајден му беше отстранет бениген полип од 3 мм од дебелото црево… Примерокот земен за хистолошки преглед беше идентификуван како тубуларен аденом, сличен на полипот што му беше отстранет во 2008 година”, се вели во соопштението за печатот. Информациите за здравјето на претседателот се обелоденуваат со негова експлицитна согласност, нагласуваат од Белата куќа.

Бајден во саботата наполни 79 години. Повторна колоноскопија се препорачува по седум до десет години. За време на постапката, претседателот бил под анестезија и ги делегираше своите овластувања на потпретседателката Камала Харис на час и половина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот