Колона возила долга 20 километри чека за влез од Албанија во Грција

Колона од возила, долга дури 20 километри а во која има 4.000 возила е формирана на граничниот премин Какавија во Албанија, а сите возила се обидуваат да влезат во Грција.

Илјадници Албанци кои работат во Грција се „заглавени“ на границата меѓу двете држави денес, обидувајќи се да ја преминат пред мерката да стапи на сила во понеделник, според која секој што ќе влезе во Грција мора да има негативни резултати на тестот за „Ковид-19“, соопшти Албанската полиција.

Од 16 август, максимум 750 луѓе на ден ќе можат да преминат во Грција од Албанија.

Ќе мора да имаат негативен резултат на тестот на ковид-19, кој не смее да биде постар од 72 часа, а откако ќе влезат во Грција, ги чека седум дена изолација.

Грција ги воведе новите правила по нагло зголемување на бројот на заразените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот