Колмен е вистински наследник на „молњата“ Болт

Кристијан Колмен од САД е нов светски шампион на 100 метри откако триумфира во финалната трка на светското првенство кое се одржува во Доха, Катар. Колмен до титулата дојде со време од 9.76 секунди што е негово најдобро време во кариерата, притоа покажувајќи дека е вистинскиот наследник на светскиот рекордер, Усаин Болт.

Второто место го освои неговиот сонародник и светски шампион од пред две години, Џастин Гетлин кој во финалето трчаше 9.89 секунди, додека бронзениот медал го освои Канаѓанецот Андре Де Грасе со време од 9.90 секунди.


Изненадувачки златниот медал во скок во далечина го освои Таџеј Гејл од Јамајка. Јамајчанецот во финалето беше тотален аутсајдер бидејќи во квалификациите имаше најслаб скок од сите финалисти, и тоа од 7.89 метри. Но во финалето, Гејл направи вистинска сензација и со скок од 8.69 метри дојде до златниот медал. Зад себе го остави Американецот Џеф Хендерсон кој имаше скок од 8.39 метри, додека првиот фаворит за златото, Кубанецот Хуан Мигуел Ечевариа на крајот мораше да се задоволи со третото место и бронзениот медал откако скокна 8.34 метри.

Холанѓанката Сифан Хасан стана светска шампионка на 10.000 метри и тоа со најдобро време сезоната. Таа до златото дојде со време од 30:17.62 минути, а второто и третото место им припадна на Летесенбет Гидеј од Етиопија и Кенијката Агнес Тироп.

Во фрлање кладиво триумфира Американката Диана Прајс која до својот најголем успех во кариерата стигна во четвртата серија кога кладивото го фрли до 77.54 метри. Зад неа се пласираа Џоана Фјодоров од Полсја и Џенг Ванг од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот