Колку заработуваат инфлуенсерите на Инстаграм?

Фото: Илустрација

Извештајот на маркетиншката агенција Изеа покажува дека просечната цена на спонзорираните фотографии на Инстаграм профилот на некои влијателни личности од 2014 до 2019 година пораснала од 134 на 1.642 долари, пишува Би-Би-Си.

Бизнис Инсајдер пишува дека агенциите се спремни да платат многу пари за фотографии, видеа, „приказни“ и блогови. Меѓутоа еден експерт тврди дека тоа не значи дека традиционалното огласување ќе умре.

Во извештајот се анализирани спонзорираните објави на Фејсбук, Јутјуб, Инстаграм и блогови, а проучени се цените кои се постигнувале од 2014 до 2019 година. Анализата покажала дека сите од нив можат многу добро да заработат, од влијателни личности кои ги следат помалку од 100.000 луѓе до познати лица од други индустрии кои ги следат милиони и десетици милиони луѓе.

На пример, просечната цена на спонзорирани објави на Инстаграм пораснала за 44 отсто само од 2018 до 2019 година, а спонзорираната блог објава во 2019 година чини 1.442 долари, додека во 2006 година чинела 7,39 долари. Видеата на Јутјуб се најскапи и денес чинат во просек 6.700 долари. Фејсбук статус, твит и обична блог објава во 2019 година чинеле 395, 422 и 407 долари.

Голем број на влијателни личности на социјалните мрежи значи и поголема контрола на објавите, така што оваа година Инстаграм на три корисници им забрани објавување на содржини кои промовирале производи за слабеење. Наведено било дека тие се „неодговорни“.

Истражувањето на агенцијата Изеа сугерира дека бројот на спонзорирани објави оваа година пораснал за 150 отсто во однос на минатата и предвидува дека пазарот за маркетинг на влијателни личности во 2020 година ќе вреди десет милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот