Колку заработија Ливерпул и Тотенхем за пласманот во финалето

EPA-EFE/OLAF KRAAK

Во големото финале во Лигата на шампионите ќе играат англиските екипи, Ливерпул и Тотенхем. И двете екипи во полуфиналето направија неверојатни пресврти, Ливерпул по поразот од 0:3 на „Камп Ноу“, пред своите гледачи славеше со 4:0 против Барселона, додека Тотенхем со гол во 96 минута дојде до победа од 3:2 над Ајакс.

Пласманот во финалето кое се игра на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, веќе заработија вистинско богатство од настапите во Лигата на шампионите.
Ливерпул со пласманот во финалето, веќе заработи дури 107 милиони евра, што е за 26 милиони евра повеќе од минатата година, кога исто така играше во финалето на ЛШ.

„Црвените“ добија 15 милиони евра за учество во ЛШ, 56 милиони евра како награда, 23 милиони евра за коефициентот и 13 милиони евра за ТВ правата.
Евентуалниот триумф во финалето, ќе му донесе дополнителни четири милиони евра.

Тотенхем пак, заработи нешто помалку од ривалот, 102 милиони евра, додека минатата година таа бројка изнесуваше само 61 милион евра.
Идентично како и Ливерпул, Тотенхен доби 15 милиони евра за учество, 55 милиони како награда, 16 милиони за коефициент и 16 милиони евра за ТВ правата. Дополнителни четири милиони евра ги очекуваат доколку триумфираат во финалниот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот