Колку заработи хрватската претседателка: Успеа да отплати кредит за стан, а нејзиниот невработен сопруг најде две работни места

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Актуелната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и нејзиниот сопруг Јаков го зголемиле своето богатство за време на незиниот петгодишен мандат, пишува хрватскиот портал „Индекс“.

Како што наведуваат, нејзиното семејство крајот на мандатот го дочекало значително побогато, кредитот за станот од 105 квадратни метри во Загреб е отплатен, а сопругот Јаков, кој до 2015 година бил невработен, успеал да најде дури две добро платени работи и да собере солидна заштеда.

Ниту Колинда не „поминала лошо“ во однос на платата, па така во споредба со почетокот на мандатот кога нејзината плата изнесувала 3.000 евра, денес таа пораснала на 3.270. Хрватскиот портал го анализираше имотот на претседателката сега во однос на претходната предизборна кампања во 2014 година, кога официјално е наведено дека нејзиното семејство поседува два стана во Загреб и два автомобили.

Семејната заштеда тогаш изнесувала околу 170.000 евра, а наведено е дека и семејството во наследство има 1/8 од стара куќа на островот Лошињ и 1/12 од мала земјоделска парцела на островот Црес, чија вредност е опишана како симболична. Станот во Загреб од 105 метри квардарни е проценет на околу 200.000 евра, а тој стан е отплаќан од кредит во висина од 157.000 евра, подигнат во една загрепска банка во 2007 година.

Четри месецна подоцна, кога станала претседателка, Колинда уште еднаш официјално го пријавила својот имот, но тогаш на незината сметка имало 35.000 евра помалку во заштедите, а во пријавата е наведено дека дел од кредитот а стан го отплатила со продажба на две недвижнини и дека ѝ останале уште речиси 25.000 евра за целосно да го отплати. Речиси пет години подоцна, во 2019 година, сликата е потполно различна: семејната заштеда сега изнесува 108.132 евра, а тука е и заштедата на име на Колинда Грабар-Китаровиќ која изнесува 115.000 евра, 675 долари, 1.176 евра на друго место, а кредитот ѝ е целосно отплатен.

Деловните активности на сопругот Јаков Китаровиќ, кој инаку е инженер, започнале откако неговата сопруга седнала на претседателската фотелја. Јаков од 1998 до 2008 година работел на риечкиот Помоски факултет, каде се усовршувал по студиите на Факултетот за електротехника и компјутерски науки. Како што се наведува, академската кариера ја прекинал во 2008 година бидејќи Колинда била именувана за амбасадорка во САД, а не работел ни во периодот од 2011 до 2014 година, додека неговата сопруга била вработена во седиштето на НАТО во Брисел, како помошник на генералниот секретар на Алијансата за јавна дипломатија.

Тој се вработил во декември 2015 година, девет месеци откако Колинда ја преземала функцијата на претседател на Хрватска, во фирмата “Reversing Labs d.o.o.” од Загреб која изработува компјутерски софтвер. Платата која ја пријавил била 1.800 евра, но како што наведува „Индекс“, никој во фирмата не знаел да објасни што Јаков Китаровиќ таму работи. Шест месеци подоцна, тој преминал во сплитскиот „АД Пластик“, производител на пластични делови за автомобилската индустрија, за 2.000 евра месечно, иако ниту во таа компанија никој не можел да одговори што точно прави таму.

Јаков Китаровиќ е вработен и во швајцарската фирма „Сентинел Холдинг АГ“, чии сопственици се Хрвати, каде заработува 24.000 евра годишно со договор на дело. Со споменатите примања, Јаков Китаровиќ во 2019 година пријавил сопствена заштита од 23.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот