Колку вредат најдобрите фудбалери, историско понижување за Меси и Роналдо

EPA-EFE/ANDY RAIN

Коронавирусот ги погоди и најдобрите фудбалери чија вредност паѓа за 10 до 20 проценти.

Кризата предизвикана од коронавирусот жестоко ќе го погоди фудбалот, а последици ќе има и за најдобрите фудбалери на денешницата.

Фудбалот е во карантин речиси еден месец, екипите немаат прилив на средства бидејќи телевизиите немаат обврска да плаќаат доколку не се игра фудбал, а поради неизвесноста со кризата со коронавирусот, клубовите почнаа да им ги кратат платите на своите играчи.

Сите се свесни и тоа се погласно го зборуваат дека кога ќе помине кризата, фудбалот нема да биде ист како порано. Барем во првите 2-3 години нема да има спектакуларни трансфери од 100,200 милиони евра како што беше пракса во изминатите неколку години, а со тоа се очекува и пад на вредноста на фудбалерите.

Специјализираниот сајт за трансфери, Трамсфермаркт, ги објави новите суми, на сите фудбалери вредноста им е падната за 10 или 20 проценти во зависност од возраста. Помладите играчи имаат помала „загуба“, додека најголемите ѕвезди како Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Нејмар, Мохамед Салах, Еден Азар, вредноста е намалена за 20 проценти.

Највреден фудбалер на денешницата е Килијан Мбапе чија вредност пред кризата се проценуваше на 200 милиони евра, сега вреди 180 милиони евра.

Најголем пад има кај најдобрите фудбалери на денешницата, вредноста на Лионел Меси од 140 милиони евра се намали на 112 милиони, додека Кристијано Роналдо има историски пад и моментно е 46. највреден фудбалер на денешницата.

Трансфермаркт ја објави листата на 20 највредни фудбалери во моментов, а интересно е што на 21. место се наоѓа норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд кој вреди 71 милион евра, наместо досегашните 80 милиони евра.

1. Килијан Мбапе (ПСЖ) – од 200 на 180 милиони евра
2. Нејмар (ПСЖ) – од 160 на 128 милиони евра
3. Рахим Стерлинг (Ман. Сити) – 160 на 128 милиони евра
4. Мохамед Салах (Ливерпул) – од 150 на 120 милиони евра
5. Садио Мане (Ливерпул) – од 150 на 120 милиони евра
6. Кевин де Брујне (Ман. Сити) – од 150 на 120 милиони евра
7. Хари Кејн (Тотенхем) – од 150 на 120 милиони евра
8. Џејдон Санчо (Борусија Д.) – од 130 на 117 милиони евра
9. Лионел Меси (Барселона) – од 140 на 112 милиони евра
10. Трент Александер Арнолд (Ливерпул) – од 110 на 99 милиони евра
11. Антоан Гризман (Барселона) – од 120 на 96 милиони евра
12. Жоао Феликс (Атлетико М.) – од 90 на 81 милиони евра
13. Каи Хаверц (Баер Л.) – од 90 на 81 милиони евра
14. Бернардо Силва (Ман. Сити) од 100 на 80 милиони евра
15. Нголо Канте (Челси) – од 100 на 80 милиони евра
16. Лерој Сане (Ман. Сити) – од 100 на 80 милиони евра
17. Вирџил ван Дајк (Ливерпул) – од 100 на 80 милиони евра
18. Пол Погба (Ман. Јун) – од 100 на 80 милиони евра
19. Јан Облак (Атлетико М.) – од 100 на 80 милиони евра
20. Еден Азар (Реал М.) – од 100 на 80 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот