Колку вистински љубови имаат во животот: Скорпијата сака само еднаш, а Вагата…

Фото: Pexels/Victoria Strelka_ph

Дали имаме само една вистинска љубов во животот или има повеќе? Се зависи од тоа каков карактер сте, а хороскопот според вашите карактеристики и цели може да даде увид во тоа што ве очекува, пишува „Атма“.

Овен

Овните сакаат три пати во животот, иако се многу скептични кога е љубовта во прашање. Кога ќе ја прекинат врската, веќе не гледаат назад, туку продолжуваат во потрага по нова љубов.

Бик

Бикот е еден од оние знакови во Зодијакот кои сакаат само еднаш. Кога ќе ја најдат вистинската љубов, тие се подготвени да се смират за цел живот.

Фото: Pexels/KoolShooters

Близнаци

Близнаците имаат три љубови во животот. Имаат тенденција да го поминат целиот свој живот во потрага по вистинската љубов, без разлика на нивниот моментален љубовен статус. За секоја љубов се убедени дека е вистинската.

Рак

Раковите во животот имаат две големи љубови. Доколку случајно се разочараат за првпат во љубовта, спремни се долго време да го бараат вистинскиот партнер, а кога ќе го најдат, се што имаат ќе вложат во нова врска за љубовта да цвета.

Фото: Pexels/Vera Arsic

Лав

За Лавовите, секоја љубов е онаа вистинската. Тие се многу посветени на своите партнери, отворени се и директни. Едноставно Лавовите се вистински освојувачи. Секогаш се емотивно присутни дури и кога постои опасност да бидат повредени.

Девица

Девиците вистински сакаат само два пати во животот. Тие се сомнителни и скептични по природа, па затоа тешко дозволуваат некој да им пријде. Уште потешко е партнерот емотивно да ги окупира и да го освои нивниот свет.

Љубовен пар
Љубовен пар / Фото: Pexels/Helena Lopes

Вага

Заедно со Лавот, Вагата е знак кој секогаш сака вистински. Кога им е најтешко, признаваат дека имаат скршено срце и дека се разочарана од мината љубов. Но, доколку се создаде можност за нова, тие се спремни со полно срце да започнат нова врска.

Скорпија

Скорпиите сакаат само еднаш во животот. Припадниците на овој знак можат да имаат многу врски и авантури, но со целото срце сакаат само еднаш во животот. Љубовта е длабоко емотивна за нив и на овие многу мистериозни претставници на Зодијакот им е тешко да градат нови врски.

Пар љубов среќа реновирање дом
Фото: Pexels/Maria Ovchinnikova

Стрелец

Во животот има четири љубови. Стрелците се искусни на полето на љубовта и можат да сакаат дури четири пати во животот. За да ја задржат љубовта ќе мора да научат да прават компромиси со партнерот.

Јарец

Припадниците на овој знак можеби сакаат двапати во животот, но поради нивната интровертност многу им е тешко да ги изразат своите чувства, па нивниот почеток во љубовта честопати знае да биде многу трнлив. Поради силните и тешки карактери честопати тие први ја прекинат врската.

Љубов, пар, секс
Фото: Pexels/Yan Krukov

Водолија

Водолијата вистински сака три пати во животот. Овој хороскопски знак често знае да биде љубовник, а не партнер на кој им го подаруваат срцето. Тие имаат тенденција да бараат идеален партнер, кој би им бил и најдобар пријател.

Риби

Рибите можат вистински да сакаат само една личност во текот на нивниот живот. Кога ќе ја запознаат својата сродна душа, тие го фрлаат сидрото и се подготвени да останат закотвени таму до крајот на животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот