Kолку сте подложни на зараза од коронавирусот доколку не сте ревакцинирани?

Unsplash
Unsplash

Една нова студија покажа дека повеќе од 99 проценти од пациентите кои биле хоспитализирани за ковида-19 во текот на првите четири месеци од 2021 година не биле вакцинирани или ревакцинирани.

Клиниката „Кливленд“ објави податоци кои покажуваат дека вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ се повеќе од 96 проценти ефикасни во спречување на заразата.

„Студијата покажа дека шансите вакцинирани лица да се разболат се многу помали во споредба со оние кои не биле вакцинирани“, објасни д-р Доналд Дамфорд, додавајќи:

„Враќањето во нормален живот значи дека мора да имаме што повеќе имуни лица, а вакцината е најдобриот начин да се постигне тоа“, истакнал д-р Дамфорд

Во периодот од 1 јануари до 13 април, оваа клиника примила 4.300 лица кои заболеле од Ковид-19. Од нив, 99,75 проценти не биле целосно вакцинирани, што значи дека не ги примиле двете дози на вакцината.

Студијата опфатила и 47.000 вработени на оваа клиника, од кои некои примиле само една доза на вакцина, некои и двете, а некои ниту една.

1.991 од нив се заразиле со коронавирус во следните неколку месеци. Меѓу нив имало дури 99,7 проценти од оние кои не биле вакцинирани, а само 0,3 проценти ги примиле двете дози на вакцината, пренесува „WebMD“.

Клиниката започнала да ги вакцинира своите вработени во декември минатата година, бидејќи првите пратки на вакцини биле ограничени, повеќето вработени не ја примиле вакцината пред почетокот на 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот