Колку шолји кафе пиете на ден? Предности и недостатоци во зависност колку пати дневно пиете кафе

unsplash
unsplash

Кафето има свои магични предности, но и опасни недостатоци кои зависат од количината испиена на дневна основа. Откријте како бројот на испиени шолји кафе на ден може да влијае на вашето тело, здравје и расположение.

Една шолја на ден

Предности: Чаша кафе на ден го регулира крвниот притисок и позитивно влијае на нервниот систем. Кафето е одличен антиоксиданс и ја стимулира мозочната активност.

Недостатоци: Една шолја кафе е доволна за да ви го наруши сонот и да ве остави будни во текот на ноќта бидејќи потребни се цели 8 часа за кофеинот целосно да исчезне од телото. Избегнувајте кафе доцна вечер и уживајте во утринскиот ритуал.

Две шолја на ден

Предности: Оваа количина кафе на дневна основа е одлична превенција против Алцхајмерова болест, односно, од толку голема доза на кофеин, се зголемува количината на протеини во мозокот, што влијае на губење на меморијата. Пиење 2 шолји кафе 30 минути пред напорни активности ќе му дадат на вашето тело одлична доза на енергија.

Недостатоци: Две шолји кафе во бременоста е предозирање со кофеин затоа што влијае на производството на хормоните кортизол и адреналин и може да предизвика спонтан абортус.

Три шолја на ден

Предности: Три чаши кафе на ден спречуваат рак на јајници кај жени. Оваа количина црн пијалок има позитивен ефект врз мажите бидејќи спречува формирање камења во жолчката.

Недостатоци: Оваа доза на кафе на дневна основа поради големата количина на кофеин го зголемува ризикот од срцев удар.

Четири шолја на ден

Предности: Четири шолји кафе содржат околу 400 милиграми кофеин, што е многу моќен антиоксиданс што го чисти организмот и помага во борбата против разни форми на тумори, рак на простата и дијабетес тип 2.

Недостатоци: Голема количина кафе на ден може да доведе до ревматоиден артритис и да предизвика нервоза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот