Колку прегратки дневно му требаат на вашето детенце? - Слободен печат

Колку прегратки дневно му требаат на вашето детенце?

Гушкајте ги почесто вашите деца и запомнете, прегратката треба да трае 20-на секунди. Еве зошто.

Колку често ги гушкате своите деца? Според една, многу интересна, нова американска студија, прегратките се неопходни за време на детството и растот на децата. Тие ја подобруваат нивната емпатија и самодоверба, им помагаат да се чувствуваат заштитени и ги прават децата поспокојни.

Според американскиот психотерапевт Вирџинија Сатир еве ја совршената формула за гушкање: на децата им требаат 4 прегратки дневно за да го „преживеат“ денот, 8 прегратки дневно за да бидат расположени и среќни и 12 прегратки на ден за да пораснат.

Но, како прегратката помага во растењето?

Хормон кој се активира со гушкање

Сте слушнале ли за хормонот окситоцин? Овој хормон е познат и како љубовен хормон, кој влијае на социјалната интеракција и врската помеѓу луѓето.

Прочитајте и...  Ново истражување од Кина: Коронавирусот е опасен за возрасните и болните, децата оздравуваат

Американската студија покажала дека кај родители со новороденче, нивото на окситоцин е високо кога постои позитивна интеракција помеѓу партнерите (мајката и таткото) и помеѓу родителите и детето. Додека пак, нивото на хормонот окситоцин е мало кај мајките кои под стрес од нивната нова улога и кога тие имаат негативна интеракција со новороденчето. Покрај тоа, студијата покажа дека физичкиот контакт овозможува бебешкиот мозок да се развива побрзо и поздраво, а побргу се развива и детската перцепција и сознание.

Окситоцинот не е покачен само за време на породувањето и доењето, туку и во сексуалната сфера и во емотивната / афективната сфера. Всушност, хормонот игра централна улога во социјалните интеракции и сентименталните реакции. Се активира преку физички контакт, го намалува нивото на стрес, вознемиреност и промовира доверба, чувство на припадност и социјализација.

Прочитајте и...  Растение кое малкумина го користат: Целер - моќен борец против голем број сериозни заболувања

Знаеме што ќе направите веднаш откако ќе го прочитате овој текст! Но, пред да истрчате кон вашите деца за да си ги гушнете, знајте дека прегратката треба да трае најмалку 5 секунди, зашто само така се стимилура појавувањето на окситоцинот, а прегратка од 20 секунда го активира неговото производство. И сега, зависи од вас!

Прочитај повеќе

Овие 5 знаци се показател дека го трошите животот на погрешни работи!

Слободен Печат

По 35 години решена мистеријата на плочата на Бајага, програмерите го дешифрираа записот (ВИДЕО)

Слободен Печат

Уште една модна лекција од Меланија Трамп: Во овој фустан секоја жена изгледа преубаво! (ФОТО)

Слободен Печат

Кејт Мидлтон: Мачнините за време на бременоста постојат и во кралското семејство

Слободен печат

Топ 5 стајлинзи: Модна инспирација за сите генерации! (ФОТО)

Слободен Печат

Српскиот рокер конечно ПОТВРДИ дека е на лекување: Во животот пребродил многу здравствени проблеми…

Слободен печат

Остави Коментар

2 × 5 =

Прочитај повеќе

Моќта на стресот: Стравот предизвикува дијареја, а гневот главоболка

Слободен Печат

Откриена е причината зошто Елтон Џон се расплака и го напушти својот концерт пред неколку дена (ФОТО)

Слободен Печат

Прв арапски дизајнер примен во француското здружение на високата мода: Ели Сааб – омилениот дизајнер на познатите

Слободен Печат

Тајната на Викторија Бекам: Листа на најдобри и најздрави производи за блескава кожа

Слободен Печат

Нов гаф во кралското семејство: Официјалната интернет страница се претвори во страница за возрасни (ФОТО)

Слободен печат

Били Ајлиш откри зошто повеќе не ги чита коментарите на социјалните мрежи

Слободен Печат