Колку прегратки дневно му требаат на вашето детенце?

Гушкајте ги почесто вашите деца и запомнете, прегратката треба да трае 20-на секунди. Еве зошто.

Колку често ги гушкате своите деца? Според една, многу интересна, нова американска студија, прегратките се неопходни за време на детството и растот на децата. Тие ја подобруваат нивната емпатија и самодоверба, им помагаат да се чувствуваат заштитени и ги прават децата поспокојни.
Според американскиот психотерапевт Вирџинија Сатир еве ја совршената формула за гушкање: на децата им требаат 4 прегратки дневно за да го „преживеат“ денот, 8 прегратки дневно за да бидат расположени и среќни и 12 прегратки на ден за да пораснат.

Но, како прегратката помага во растењето?

Хормон кој се активира со гушкање

Сте слушнале ли за хормонот окситоцин? Овој хормон е познат и како љубовен хормон, кој влијае на социјалната интеракција и врската помеѓу луѓето.

Американската студија покажала дека кај родители со новороденче, нивото на окситоцин е високо кога постои позитивна интеракција помеѓу партнерите (мајката и таткото) и помеѓу родителите и детето. Додека пак, нивото на хормонот окситоцин е мало кај мајките кои се под стрес од нивната нова улога и кога тие имаат негативна интеракција со новороденчето. Покрај тоа, студијата покажа дека физичкиот контакт овозможува бебешкиот мозок да се развива побрзо и поздраво, а побрзо се развива и детската перцепција и сознание.

Окситоцинот не е покачен само за време на породувањето и доењето, туку и во сексуалната сфера и во емотивната / афективната сфера. Всушност, хормонот игра централна улога во социјалните интеракции и сентименталните реакции. Се активира преку физички контакт, го намалува нивото на стрес, вознемиреност и промовира доверба, чувство на припадност и социјализација.
Знаеме што ќе направите веднаш откако ќе го прочитате овој текст! Но пред да истрчате кон вашите деца за да си ги гушнете, знајте дека прегратката треба да трае најмалку 5 секунди, зашто само така се стимилура појавувањето на окситоцинот, а прегратка од 20 секунди го активира неговото производство. И сега, зависи од вас!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот