Колку популарен е Роналдо во Португалија, ќе ви докаже овој возач на автобус! (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Секоја држава е препознатлива по нешто…Во Португалија тоа е Кристијано Роналдо, кој ги брани боите на италијанскиот клуб Јувентус.

Низ интернет кружи снимка која може да ве насмее. Еден возач на автобус одлучи да ги предупреди туристите што не смеат да прават во Португалија.

Во еден момент беше сериозен, а потоа во шеговит тон им рече дека не смееат да кажат дека Кристијано Роналдо не е најдобар фудбалер на светот.

Ги предупреди туристите да го имаат во предвид најважното правило, доколку сакаат да преживеат во оваа држава.

– Верувајте ми, доколку не ми верувате, од вашата десна страна имате две врати и излезете слободно.

Потоа, ги праша дали се согласуваат со него, сите туристи одговорија со „да“.

Целта на возачот секако беше да создаде една позитивна атмосфера меѓу туристите во автобусот и им посака убав пат. Од друга страна, ова е само уште еден доказ колку во Португалија го ценат својот фудбалер.

Роналдо во својата кариера пет пати ја освојуваше „Златната топка“, освојувајќи бројни титули со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, а со репрезентацијата беше и европски шампион во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот