Колку нето плата зема државен секретар, а колкава плата има секретарот на Град Скопје?

Порталот Јавна администрација, ги објави работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Македонија.

Погледнете колку нето плата земаат административците, споредбено со просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, која изнесувала 25 435 денари, според податоците на Државниот завод за статистика.

Дополнително, за секоја од работните позиции наведена е нето платата. Вкупно постојат 4 категории и 17 работни позиции:

А1 – Државен секретар Нето плата: 56.100 денари

А2 – Генерален секретар Нето плата: 48,744 денари

А3 – Секретар на Град Скопје Нето плата: 46,363 денари

А4 – Секретар на општина во град Нето плата: 42,923 денари

А5 – Секретар на општина во село Нето плата: 38,160 денари

Б1 – Државен советник Нето плата: 38, 689 денари

Б2 – Раководител на сектор Нето плата: 37,631 денари

Б3 – Помошник раководител на сектор Нето плата: 32,868 денари

Б4 – Раководител на одделение Нето плата: 29,693 денари

В1 – Советник Нето плата: 26,253 денари

В2 – Виш соработник Нето плата: 24,402 денари

В3 – Соработник Нето плата: 23,608 денари

В4 – Помлад соработник Нето плата: 22,020 денари

Г1 – Самостоен Референт Нето плата: 16,464 денари

Г2 – Виш референт Нето плата: 15,670 денари

Г3 – Референт Нето плата: 14,877 денари

Г4 – Помлад Референт Нето плата: 13,818 денари.

Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 104.4.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.8 %), Административни и помошни услужни дејности (7.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.3 %).Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (5.0 %), Образование (3.0.%) и Преработувачка индустрија (1.9 %).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот