Колку најбогатиот клуб во Англија ќе потроши на трансфери ова лето?

„Спортбајбл“ известува дека во случај на преземање на Њукасл, Арапите ќе потрошат меѓу 150 и 200 милиони евра во првиот преоден рок.

Поради пандемијата на коронавирус најверојатно фудбалската јавност ќе почека на големите трансфери на пазарот во Премиер лигата. Њукасл наскоро треба да добие нов сопственик, постои секоја шанса дека конзорциумот од Саудиска Арабија, на чело со тамошниот принц ќе го преземе англискиот клуб.

Медиумите побрзаа со откривањето околу тоа кој од големите имиња ќе стигне на северот на Англија, па така се дојде до играчи и како Пауло Дибала и Филипе Кутињо. Сепак, колку е навистина реално тоа да дојдат овие играчи на „Ст. Џејмс Парк“ ова лето?

„Спортбајбл“ известува дека во случај на преземање на клубот, Арапите ќе потрошат меѓу 150 и 200 милиони евра во првиот преоден рок. Ова е помалку од она за што се најавуваше во изминатиот период, но доволно за три или четири големи имиња.

Сега се шпекулираат и Герет Бејл, Единсон Кавани и Калиду Кулибали, но малку е веројатно дека новите сопственици ќе потрошат многу пари уште во првата сезона како газди на Њукасл.

Воедно и финансискиот фер-плеј (кој носи и суспензија) стои на патот да го направат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот