Колку милиони долари заработи Опра Винфри од интервјуто со Меган и Хари?
Интервјуто што водителката Опра Винфри го направи со Меган Маркл и Хари е главна тема на светските медиуми скоро цел месец, a таа заработи седум милиони долари, но сумата ќе продолжи да расте.
Опра ги продаде правата за емитување на ексклузивно интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл на Си-Би-Ес за седум милиони долари, но според странските медиуми, водителката сепак „собира плодови“ и дека нејзината сметка ќе биде побогата барем уште 10 милиони долари.
View this post on Instagram
Во двочасовно интервју, кое беше емитувано на телевизијата Си-Би-Ес, парот зборуваше за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство.
View this post on Instagram
Комплетното интервју, според проценките на Нилсен, го следеле во живо 17 милиони гледачи. Иако интервјуто беше емитувано во ударно време, овој број на гледачи се смета за исклучително голем.