Колку луѓе умираа дневно во 2020 година

epa08812006 Patients and medical staff in the intensive care unit of Martini Hospital in Turin, 10 Nvember 2020. EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Како што беснее пандемијата КОВИД-19, медиумите продолжуваат да ја разбиваат статистиката со полна сила.

Сепак, без референтна рамка, броjките, како што е бројот на жртвите, тешко е да се протолкуваат. Смртта припишана на коронавирусот, на пример, често се мери во илјадници луѓе на ден на глобално ниво – но дали оваа бројка е малку или многу, во однос на типичните причини за смрт?

Оваа графика користи податоци од „Нашиот свет низ бројки“ Our World in Data за да обезбеди контекст со вкупниот број на смртни случаи низ целиот свет. Исто така, истакнува колку луѓе умираат секој ден од специфични причини.

Смртни случаи во светот

Речиси 150.000 луѓе умираат дневно ширум светот, врз основа на најновото сеопфатно истражување објавено во 2017 година. Кои болести се најсмртоносни и колку животи одземаат на ден?

Еве колку луѓе умираат секој ден во просек, подредени според причината:

Кардиоваскуларните заболувања или болести на срцето и крвните садови се главната причина за смртта кај 48,742 луѓе на дневна база. Сепак, нивната истакнување не се рефлектира во нашите сфаќања за смртта, ниту пак се бележи како алармантно во медиумите.

Речиси двојно помалку од болните со кардиваскуларни болести, умираат од канцер – 26.181.

Респраторните болести како и инфекциите на долните дишни патишта како пневмонија, бронхитис и туберкулоза се на третото место и четвртото место. Следува деменцијата која одзема просечно дневно по 6.889 животи.

Додека бројот на жртвите за ХИВ / СИДА достигна врв во 2004 година, тој сè уште погодува многу луѓе и денес. Болеста предизвикува над 2.600 дневни смртни случаи во просек.

Интересно, тероризмот и природните катастрофи предизвикуваат многу малку смртни случаи во однос на други причини. Со тоа, овие бројки можат да варираат од ден на ден – и од година во година – во зависност од тежината на секоја одделна инстанца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот