Колку кокаин заплени МВР? Македонија била крајна дестинација

Фото: Фокс 5/ Илустрација

Медиумите шпекулираат со количината, некои од нив пренесоа дека се запленети 1,3 тони кокаин, други пак, дека станува збор само за килограм кокаин. Засега, познато е само дека во земјава е најден само еден килограм кокаин, а за остатокот сè уште не е познато дали дрогата е запленета во Италија.

МВР вечерва спроведува полициска акција во соработка со италијанската полиција, станува збор за заплена на кокаин, дрога чија количина сè уште не и е позната на јавноста, бидејќи МВР официјално само ја потврди акцијата, но не и количината.

Медиумите шпекулираат со количината, некои од нив пренесоа дека се запленети 1,3 тони кокаин, други пак, дека станува збор само за килограм кокаин. Засега, познато е само дека во земјава е најден само еден килограм кокаин, а за остатокот сè уште не е познато дали дрогата е запленета во Италија.

-Станува збор за контролирана пратка од 1.3 тони кокаин. Акцијата беше изведена заедно со италијанската полиција, а во договор на двете служби беше одлучено најголемиот дел од пратката да заврши во Италија, додека во земјава да биде најден само еден килограм, што впрочем и се случи- велат полициски извори за „А1он“.

Рутата по која се шверцувал кокаинот бил Црна Гора – Албанија, преку граничниот премин Ќафасан. Во Крушопек, кокаинот бил скриен во камион кој увезувал банани.

ОЈО вели дека акцијата која ја спроведува Министерството за внатрешни работи, а се однесува на заплена на дрога во Крушопек е резултат на соработка со обвинител од Италија.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во Фејсбук пост соопшти, дека во текот на утрешниот ден јавноста ќе биде информирана со оваа полициска акција како и со количината на дрогата и евентуално уапсените лица.

Чулев не ја потврдува количината на запленетата дрога во Сарај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот