Колку ќе заштеди Јунајтед со заминувањето на Роналдо?

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Денес изненадувачки беше објавено дека Манчесте Јунајтед и Кристијано Роналдо ја прекинуваат соработката. Иако после целата ситуација со интервјуто кај Пирс Морган беше очекувано да си замине, сепак јавноста очекуваше да остане барем до јануаркиот преоден рок.

Во краткото соопштение вечерва Манчестер Јунајтед потврди дека Роналдо е слободен играч, а тоа ќе значи дека во јануари бесплатно ќе може да потпише за нов клуб.

Медиумите на Островот по објавувањето за раскинуваањето на договорот пресметаа и колку ќе заштеди Јунајтед што Роналдо нема да остане до крајот на договорот.

Манчестер јунајтед нема да му плати ниту една фунта на Роналдо за предвремениот прекин на соработката. Португалецот има неделна плата од околу 500.000 фунти, па „ѓаволите“ ќе заштедат околу 16 милиони фунти до крајот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот