Колку ќе им исплати Стопанска банка АД Скопје на акционерите?

Во соопштение преку Македонската берза, Стопанска банка АД – Скопје (СБ) објави дека ќе изврши исплата на дивиденда по приоритетни акции за втората половина на 2018 година во вкупен износ од 909.776 денари или бруто износ од 4 денари по акција.

Од банката велат дека основицата за пресметка на дивидендата изнесува 90.977.600 денари (227.444 приоритетни акции со номинална вредност од 400 денари по акција).

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 12.06.2019 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.06.2019 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 11.06.2019 година, потенцираат од банката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот